Многу вкусен и декоративен куглоф кој ќе ве освои и со мирис и со вкус. Се прави многу лесно и едноставно, а има многу декоративен и богат изглед кој ги краси сите трпези. Не мора да го правите само за специјални поводи, и за да се заблажите преку викенд е одличен.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажица какао во прав, 80 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 1 јајце и 100 г омекнат путер. ЗА ФИЛ: 150 г растопен путер, 750 г крем сирење, 200 г шеќер во прав, 1 пудинг од ванила, 3 јајца, 2 лимони – рендана кора, 1 лажица какао во прав.




За глазура: 50 г бело чоколадо, 1 лажица масло и 50 г чоколадо по избор. ПОСТАПКА: Измешајте го прашокот за печиво, а другите состојки додавајте ги по ред и мешајте со миксер. Треба да добиете мазно и меко тесто.




Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои околу 40 минути. Потоа извадете го и обликувајте го како ролат. Ставете го во намастен калап (26 см) и втиснете го во него. Растопете путер и разладете го.

Изматете го крем сирењето со шеќер, правот од пудинг, јајца, путер и кора од лимон. Треба да добиете еднолична смеса. Околу 2/3 од смесата префрлете во калап. Просејте го какаото и додајте го во преостанатата 1/3 од смесата.




Темниот дел излејте го врз светлиот и повлечете со лажица како спирала низ двата слоја за да добиете мраморен ефект.  Ставете да се пече на долното ниво во загреана рерна на 170 степени, околу 60 минути. Оставете го колачот во калапот со исклучена рерна уште 15 минути.




Ако е потребно, колачот одвојте го од рабовите со нож и ставете го на тацна за торти. Исечете бело чоколадо и со малку масло растопете го на пареа, па прелијте како глазура врз колачот. Чоколадо по ваш избор (млечно или темно) изрендајте одозгора.




А може да го прочитате и следниот рецепт за куглоф со Нутела кој децата најмногу го обожаваат. Прво, второ, па дури и трето парче ми побараа и навистина бев изненадена. Следниот ден повторно им го направив. Ќе ви бидат потребни следниве состојки:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г путер или маргарин, 250 г шеќер, 5 јајца, 500 г брашно, 1 ¼ лажичка прашок за печиво, 250 мл млеко, 200 г нутела и 1 лажица рум (може, но и не мора, но навистина добар вкус дава на целиот колач)




ПОСТАПКА: Пенасто изматете го путерот со шеќерот. Додавајте едно по едно јајце и понатаму матејќи со миксерот. Измешајте го брашното со прашокот за печиво. Наизменично додавајте млеко и брашно во смесата со јајца.




Изматената смеса поделете ја на два дела. Во едниот додајте рум, а во другиот нутела. Смесата излејте ја во намастен и набрашнет калап за куглоф, и тоа прво жолтиот дел, па потоа темниот. Со виљушка малку измешајте ги смесите за да се добие мраморен ефект.




Ставете да се пече на 180-200 степени околу еден час или прилагодете според вашата рерна. Колачот може да се пече и во обичен четвороаголен плех, а одозгора може да се прелие со чоколадна глазура.

Напомена: Наместо млеко може да се стави јогурт, наместо прашок за печиво може да се стави сода бикарбона, а нутела по вкус, може и само 4 супени лажици. По желба може да додадете и 100 г лешници. / Coolinarka.com