Го јакне срцето, ја чисти крвта – маточината е природен лек против депресија, стравови и други пореметувања

За оваа мирисна билка која ја обожуваат пчелите, денес ни пишува познатиот билкар Мартин Најдовски. Доколку имате прашања во врска со билката или со начинот на приготвување и употребата на лековитите рецепти, можете да се обратите на неговата фан страница “Лилма”.

Маточината (lat. Melissa officinalis) или уште позната под името Матичњак, Пчелинок е повеќегодишна билка, која најчесто се одгледува како градинарска билка, но може да се сретне и самоника во природата.

Маточината е доста позната билка кај нас на Балканот па може да се рече и најупотребуваната билка, само што за неа не се зборува доволно.
Таа содржи етерично масло и танини па благодарение на тоа има широк спектар на лечителни својства.

Loading...

Најпрво и основно таа делува антивоспалително, антибактериско и антивирусно, помага во борбата со најразлични вирусни или бактериски инфекции, за јакнење на имунитетот и за намалување на воспалителните процеси.
Делува на централниот нервен систем, со тоа што го смирува организмот, делува смирувачки, при депресија, несоница, анксиозност.

Кај нашите предци, маточината ја викале “спасувач на бракот” бидејќи кога сопругот или жената ќе бидат изнервирани, да не дојде до поголема расправија, чајот од маточина ја смирувал ситуацијата. Луѓето во тоа време верувале во нејзината магична моќ, но откако било испитано, било утврено дека етеричното масло е тоа што го смирува организмот па дури и при најголем конфликт.

Нејзиниот цитрусен мирис е толку опоен што дури и пчелите кога треба да се ројат, кошниците предходно се мачкаат со сокот од оваа билка за да можат да бидат смирени и да се стабилизираат што побрзо во кошницата.
Оттука доаѓа и нејзиното друго име Пчелинок, Лимон трева или Пчелинок бидејќи е омилена на пчелите, а нејзиниот мирис е оној мирис на свеж лимон.

Покрај тоа што се користи како средство за смирување, таа одлично делува на системот за варење па се користи кај нервозни црева, надуеност, проблеми со желудник, повраќање и гадење, и поради присуството на танини успешно делува кај дијареа кај деца и возразни.

Маточината исто така, се употребува кај главоболки и мигрени, успешно делува во лекување на херпес зостер и други херпеси (надворешно во форма на мелем и внатрешно како чај), го јакне организмот, се пие кај први симптоми на грип, настинка, кивавица и друго.

Кај нашиот народ, маточината ја давале како чај на немирни односно темпераментни деца. Маточината го подобрува квалитетот на сонот па делува успешно кај несоница, кошмари и немирен сон.
Се бере во месец јуни, само листот без цветот.

Рецепти:

Чај: 1 супена лажица билка се попарува со 250 мл зовриена вода, отстојува поклопено 20-30 мин, се цеди и се пие по 2-3 шолји на ден.
Чај против дијареа: Како рецептот погоре само што се пие по 1 шолја наутро на гладно, 30 мин пред појадок и 1 навечер, 30 мин пред вечера.

Чај за смирување на темпераментни деца: Еднакви делови на маточина, нане, риган и мајчина душица се мешаат, па 1 кафено лажиче од смесата се попарува со 250 мл зовриена вода, стои поклопено 20 мин се трга и пие по 2 шолји на ден.
Чај за анксиозност и депресија: Терапијата за депресија која е објавена на страницава (Лилма) успешно се лекува и најтежок вид на депресија.

Масло од маточина: Една тегла до врв се полни со полусува маточина па се налева со ладно цедено маслиново масло. Стои 40 дена со секојдневно протресување. После 40 дена се цеди и се употребува ова масло за мачкање на челото и слепоочниците при мигрени и главоболки.
Тинктура: Од тинктурата се пијат по 20 капки, 3 пати на ден

Чај за смирување, несоница и нервна напнатост: 20 грама камилица, 20 грама маточина, 10 грама лаванда и 10 грама валеријана корен. Сè се меша па 2 супени лажици од смесата се прелеваат со 500 мл зовриена вода, отстојува 20 мин се цеди и пие по 2 шолји на ден.
Со мевлем добиен од неа се мачкаат херпеси.

Не се препорачува кај луѓе кои се изложени на возење или работа со машини бидејќи делува смирувачки и тера на спиење.

Loading...