Неверојатната приказна на Драгана која ја победила смртта и се породила на својот роденден

Една вечер која требаше да биде најобична, како и сите останати, поминати покрај телевизорот со вереникот, за неа ненадејно се претворила во кошмар. Таа вечер за неа започнала борбата за живот, но не само за нејзиниот, туку и за животот кој го носела во својот стомак.

Тогаш оваа бремена жена, денес мајка на преубаво девојче, Драгана Пајиќ од Бања Лука, ја раскажува својата најтешка, но истовремено и приказна со најсреќниот крај, во нејзиниот живот.

Нејзината најголема животна борба започнала на 9.јануари кога почувствувала неподносливи болки во главата и губење на свеста. Набрзо дошле од Итната помош, а за неколку часа веќе лежела на операциона маса во Белград.

Loading...

Драгана во шестиот месец од бременоста дожиевеала пукање на аневризма во мозокот. Прогнозите воопшто не биле оптимистични, а докторите и давале само 2 % шанси дека ќе преживее. За среќа, епилогот од операцијата бил сосема поинаков. Преживеале и мајката и бебето.

Иако ниту тогаш докторите не давале ветувачки вести, говорејќи дека деновите пред нив и натаму се критични, мајката и нејзината ќерка храбро се бореле за својот живот.

Драгана после операцијата од 10.до 15.јануари била во кома, а тоа за неа и најблиските биле најтешките денови. Се надевале, се молеле. Драгана се разбудила и на 24.јануари од Белград се вратила во Бања Лука, а после невролошката стабилизација ја испратиле на гинекологија заради сочувување на бременоста.

Зад неа биле тешките денови на секојдневна борба за опоравување, а пред неа бил неизвесен период. Се ближел нејзиниот роденден и терминот за пораѓај. Па така дошол 8.април, нејзиниот роденден и денот кога на свет ја донела смислата на својот живот. Ја родила Матрона и двете биле во одлична здравствена состојба.

Драгана го опишува овој момент како најсреќен во својот живот. Додава дека секоја мака и се испалтела и заборавила на сите лоши работи во моментот кога го видела своето дете.

Таа била неизмерно благодарна на персоналот и лекарскиот тим кој се борел за нејзиниот живот и животот на нејзината ќерка, како и на светицата Матрона, заштитничката на жените, на која секојдневно и се молела и по која ја крстила својата ќерка.

ШТО Е АНЕВРИЗМА НА МОЗОК?

Аневризма на мозок е оток или “балонче” на крвен сад во мозокот, кој личи на бобинка која виси на гранче. Аневризма на мозок може да искрвави или да пукне со што предизвикува хеморалгичен мозочен удар.

Најчесто руптура на аневризма во мозокот се случува во просторот помешу мозокот и тенкото ткиво кое го покрива мозокот. Овој вид на хеморалгичем мозочен удар се нарекува субарахоноидно крвавење. Руптурата е опасна по живот и бара итна медицинска помош.

Меѓутоа, повеќето аневризми никогаш не пукнуваат и не прават здравствени проблеми, а немаат ниту симптоми. Таквите аневризми обично се дијагностицираат во текот на испитувањето на некоја друга болест.

Loading...