Баретов синдром или Баретов езофагус е ретка компликација како резултат на долготрајна гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ). Кај Баретов езофагус, ткивото метаплазира и добива облик како на ткивото во подолните партии на дигестивниот тракт.

Симптоми

Промените во ткивото кај Баретовиот езофагус најчесто се асимптоматски или пак да се повторуваат истите симптоми како кај ГЕРБ : гадење, пироза и голем број на подригнувања.

Причини за појава

Се верува дека причинител е ГЕРБ како резултат на која желудочната содржина се враќа назад во хранопроводот и го оштетува. Како резултат на тоа, езофагусот компензаторно ја менува формата на клетките. Кај некои луѓе се појавува Баретовиот езофагус без да има појава на ГЕРБ и кај нив не се знае причинителот. Oвој синдром се потврдува со ендоскопија. Притоа се вметнува камера долж хранопроводот и се проверуваа дали има промени во ткивото. Вашиот лекар може и да отстрани мал дел од ткивото за микроскопски испитувања (биопсија).

Третман

Кај поблаги форми на Баретов езофагус се применува истата терапија како кај ГЕРБ: H2 антагонисти, инхибитори на протонска пумпа. Кај потешки форми се применуваат различни методи за отстранување на метаплазираното ткиво како што се: Ресекција, аблација,к риотерапција, хируршко отстранување.

Д-р Стефан Илиевски

-авторски текст, не смее да се користи за комерцијални цели и/или реемитување