Фантастичен колач: ПОСЕН РОЛАТ со желе бонбони во обланди… брза подготовка, а одличен резултат. Колачот е совршен за посни денови, но и секој вид свечена пригода и слава. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 голем лист обланда
1оо мл вода
100 г шеќер
100 г посен маргарин
100 г мелени ореви
100 гр посни мелени бисквити
300 г желе бонбони

ПОСТАПКА:

Завиткајте го листот обланда во влажна крпа (од горе една крпа и од долу друга крпа) и оставете го да омекне (крпата натопете ја во ладна вода и добро исцедете ја, да остане влажна, но не премногу мокра).

Во едно тенџере ставете да се растопи шеќерот во вода додека да зоврие. Додајте го исечканиот маргарин и мешајте додека да се растопи. Исклучете го шпоретот, но оставете го тенџерето на топлата рингла.

Додајте ги мелените ореви и бисквити и добро измешајте. Оставете го филот неколку минути да се излади.

Извадете го листот обланда од влажната крпа и распоредете го филот преку грубата страна. Врз филот распоредете ги сечканите желе бомбони. Потоа обландата завиткајте ја во ролат.

Оставете го ролатот во фрижидер добро да се олади и да се стегне. Деталите погледнете ги во презентацијата ОВДЕ.