ЕВТИН КОЛАЧ ЗА 15 МИНУТИ: Едноставен колач со состојки кои веќе ги имате в кујна…Мек и вкусен, ќе ви допадне веднаш по првиот залак…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 јајца
1 прстофат сол
130 г шеќер
170 г брашно
50 г млеко

За овошен фил – по желба (не мора):
300 г вишни или друго бобесто овошје
50 г шеќер
15 г скроб
50 мл вода

За крем:
300 г крем сирење
200 г слатка павлака
50 г шеќер

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со прстофат сол. Потоа започнете постепено да го додавате шеќерот и матете со миксерот додека да добиете кремаста смеса.

2.Додајте го брашното просеано, на неколку наврати додека бавно мешате со жица за да остане смесата воздушеста. На крај додајте 50 мл млеко и изедначете.

3.Смесата излејте ја во плех (32х37 см) обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 15 минути.

4.За џем од овошје: ставете го овошјето со шеќер на оган да се растопи и зоврие, па додајте скроб растопен во вода. Мешајте 5 минути на умерена температура додека да згусне, па претурете во друг сад и оставете да се олади.

5.Печената кора оставете малку да подизлади, па со чаша сечете кругови (во парен број). Остатокот сомелете го во блендер за да добиете трошки за декорација.

6.За фил: изматете ги сите состојки додека да добиете фин крем.

7.Круговите намачкјате ги во тенок слој со кремот, а потоа на половина од нив со готварски шприц направете им прстен. Во средината од секој прстен ставете лажица овошен фил.

8.Поклопете ги одозгора и премачкјате ги со остатокот од кремот, па посипете ги од сите страни со трошки.

9.Декорирајте по желба со овошје и гранче рузмарин или босилек. Постапката погледнете ја ОВДЕ.