ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за филот: 1,5 кг тиквички, 1 главица кромид, 4 лажички сол, 1 лажичка црн пипер, 2 лажици масло

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 700 г брашно, 1 лажичка сол, 400 мл вода. За премачкување: масло или путер

ПОСТАПКА за приготвување на филот: тиквичките излупете ги и исечкјате ги на ситни коцкички. Дпдајте ситно сечкан кромид и зачинете со сол, црн пипер и масло. Промешајте и тргнете настрана.

ПОСТАПКА за приготвување на тестото: просејте го брашното, додајте со и вода. Замесете средно меко тесто кое не се лепи на рака. Поделете го на три дела и од секој дел обликувајте топче. Оставете ги да отстојат 5 минути.

Потоа секое тесто развлечете го со оклагија со големина на чинија. Одозгора премачкјате ги со масло, а потоа и со малку омекнат путер. Оставете ги вака малку да одморат пред тегнењето.

Корите внимателно тегнете ги врз кујнски чаршав на работна маса. Филувајте од двете страни, па со подигнување на чашравот ќе добиете две долги ролатчиња. Редете во намастена тепсија со форма по ваша желба.

Питата одозгора премачкјате ја со растопен путер, па ставете да се пече половина час во претходно загреана рерна на 250 степени. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.