Овен

Доколку досега во вашиот љубовен живот немаше ништо за пофалба, денес работите ќе се сменат. Некој ваш пријател чувствува нешто повеќе од пријателство кон вас.

Доколку и вие така се чувствувате, тоа ќе биде позитивна промена во вашиот живот.

Бик

Негативната енергија исфрлете ја во теретана, не на вашите блиски. Потрудете се да бидете љубезни кон сите, не се знае кој утре ќе ви биде потребен. Партнерот ќе се почуствува убаво во ваше присуство.

Близнаци

Доколку денот ви биде исполнет со обврски, вечерта дозволете си кратка релаксација и на вашето тело и на вашиот ум. Наспијте се, потребен ви е сон. Здравјето е во ред, но добро би ви било да одите не рутински преглед кај лекар.

Рак

Започнете го денот со утринска гимнастика. Станете малку порано, вежбајте, но не го заборавајте и појадокот. Така ќе имате доволно енергија во текот на целиот ден и без проблем ќе можете да ги извршувате обврските. Веќе некое време ве мачи несоница.

Лав

На партнерот му е најважно да бидете искрени. Не занемарувајте ги и неговите потреби. Не пропуштајте важни општествени случувања, тие можат да ви донесат бројни бенефиции. Се чувствувате добро во својата кожа.

Девица

Ви пречат секојдневните обврски и рутини. сакате некакви промени во секојдневието и не знаете како да ги внесете. Сакате некаква возбуда и динамика.

Сакате животот да придобие повеќе бои. Уран е во погон – искористете го. можни се нови познанства а и нови љубови. Направете ситни промени, животот ќе го направи останатото.

Вага

Денес или ќе давате многу пари или ќе земете пари. Парите се централна тема на денот. Денес би можеле да изгубите нешто или да заборавите некои важни документи или предмети.

Многумина ќе бидат расеани па нема да можат со леснотија да ги извршуваат дадените обврски. Сконцентрирајте се на важните работи.

Скорпија

Бидете трпеливи и имајте доверба во љубовта и во вашиот партнер. Ова е добар ден за завршување на нешто што го одлагате неколку дена. Вашата здравствена состојба е добра и стабилна.

Стрелец

Сакате да бидете на чисто со некои работи поврзани со вашата средина, бидејќи самите никаде не се ангажирате, па ништо не зависи од вас.

Повеќето припадници на овој знак чекаат помош од пријателите. Дали е тоа во ред?

Јарец

Ги задоволувате своите потреби, без разлика дали се работи за уметнички интереси, желба за луксузни работи… Ви се нудат љубовни предизвици во изобилие. Што би можеле повеќе да посакате?

Водолија

Насочете ја енергијата на најдобар можен начин. Медитацијата ви помага да ги спречите несаканите последици во вид на депресија.

Сите постапки зависат од другите луѓе, превенствено од односите со спротивниот пол.

Риби

Среќниот период продолжува. Она за што подолго време фантазиравте сега ви се исполнува.

Денот минете го со пријатели во некое кафуле. Причини за убава атмосфера и славење има во голем број. Некоја ваша поранешна љубов може повторно да влезе во вашиот живот.