ДЕТСКИ СУСАМКИ ОД 3 СОСТОЈКИ: Многу вкусни…Често ги правам, евтин десерт кој сите го обожаваат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (чаша од 200 мл):

1 чаша шеќер
1 чаша (2 прста подолу) сусам
50 г путер/маргарин

ПОСТАПКА:

1.Во соодветна тава ставете 50 грама путер и стопете го на тивок оган.

2.Откако ќе се растопи, додајте го шеќерот и оставете да се карамелизира со постојано мешање на тивок оган.

Прво ќе се стврдне, па ќе се згрутчи, па ќе е отпушти и ќе се карамелизира. Направете ги овие операции на тивок оган за да избегнете загорување.

Откако шеќерот целосно ќе се раствори, не го гответе предолго, треба да остане течен. Откако шеќерот целосно ќе се стопи додајте го сировиот сусам и промешајте.

На плехот се става мрсна хартија и без да се чека, брзо се прелива смесата и се рамни со шпатула.

Се сече на мали квадрати и се остава во замрзнувач да отстои 15 минути.

Потоа одвојте ги коцките и послужете ги. за подолг рок се чуваат секое посебно завиткано во стреч фолија. Постапката погледнете ја ОВДЕ.