Домашна нутела – направете домашен намаз од чоколадо и лешници. Дали знаевте дека можете да направите домашна нутела за само 15 минути? Потребни ви се само пет намирници кои сите ги имаме во кујната. Без додадени адитиви, палмино масло и конзерванси, направете домашен чоколаден крем кој децата ќе го обожаваат.

Домашната Нутела е неспоредливо поздрава од која било купена тегла, а вкусот е фантастичен! Ова е највкусниот чоколаден прелив со лешници што го пробав досега, а децата го обожаваат. Кога ќе го направите, може да стои во фрижидер десетина дена, но кај нас се јаде за 3 дена.

За овој рецепт потребен ви е силен блендер кој ќе ги сомеле лешниците. Темното чоколадо игра голема улога овде, па обидете се да користите чоколадо за готвење со највисок квалитет и најмалку 70% какао.

Овој крем освен што децата го јадат намачкан на леб или бисквити, може да се користи и за филување на палачинки, торти, колачи или едноставно да го изедат децата со лажица. Кремот е толку многу вкусен што никој не може да му одолее! Со него можете да направите и слатки кифлички. Идеите никогаш не завршуваат…

Ние веќе подолго време не сме купиле Нутела и други производи кои содржат палмино масло, бидејќи тоа е штет-но по здравјето. Ги читам етикетите на производите и го избегнувам колку што можам, но производителите сега пишуваат „растително масло“ на производите.

Оттогаш не купуваме Нутела и често ја подготвуваме дома. Овој рецепт беше алтернатива за купечката Нутепа и затоа го споделувам со вас. Домашна Нутела по рецепт на нутриционист без шеќер и адитиви.

Намазите од лешници и чоколади се омилен додаток врз парче леб или палачинки, без разлика дали сте дете или возрасен. Ума Најду, нутриционист и психијатар, го сподели својот рецепт за намаз од чоколадо и лешник без додаток на шеќер, што ќе ве воодушеви!

Потребни состојки: 2 чаши излупени лешници, 100 г црно чоколадо (80%), 1 лажица какао во прав, 2 лажици мед, половина лажичка инстант кафе, 1 лажичка екстракт од ванила, 1 лажица кокосово масло (може, но доколку немате нема никаков проблем).

Постапка: Ставете ги лешниците во плех обложен со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 180 степени. Потребни се околу 10 минути лешниците да се испечат, но проверувајте ги постојано бидејќи тие можат лесно да изгорат.

Растопете го чоколадото на пареа, па ставете го заедно со лешниците во блендерот и блендирајте додека да добиете мазна смеса.

Додајте ванила, мед, какао и кафе и проверете ја густината – ако лешниците се многу суви, можеби ќе треба да додадете лажица кокосово масло, но ако сте задоволни со текстурата, прескокнете го овој чекор. Истурете во чиста тегла и чувајте во фрижидер.