ДЕТЕТО НА РОДИТЕЛИТЕ НЕ ИМ ДОЛЖИ НИШТО – Ама, бившо мое дете, ене ти ја вратата

Писателката Ведрана Рудан, од еден сосема друг агол говори за релацијата родител – дете и обратно. Еве го нејзиното размислување:

„Некаде на нет налетав на следнава реченица: „Детето на родителите не им должи ништо“. Ја напишала извесна Лиса Понтиус, позната инфлуенсерка, жена на свои 33 години, со интересни и јасни мисли и голем број следбеници. Многумина ги читаат нејзините објави.




Ми се допаѓа нејзината теза. Не, сериозно, ми се допаѓа. Ниедно дете, секако кога ќе престане да биде дете, на родителите не им должи ништо. Тоа не барало да биде родено, не барало да биде доено толку и толку месеци, не е виновно за царскиот рез, и тоа е така, а оние родители кои им зборуваат на своите деца дека имаат обврска кон нив да ги гледаат и чуваат затоа што овие ги родиле – се едноставно кажано манипулатори.




Меѓутоа детето престанува да биде дете и веќе преминува во возрасна личност кога ќе наполни осумнаесет години. Ниедно дете, кога ќе стане возрасна личност не им должи ништо на своите родители. Би било убаво кога родителите на возрасното лице би можеле да му кажат:




„Бившо мое дете, не ми должиш ништо во животов, те родив затоа што така јас сакав, ја исполнив мојата родителска должност да те одгледам и пораснам, а сега, ене ти ја вратата. Среќен ти пат!“




Сите или речиси сите сите мои познаници, кога себеси би се сакале и почитувале, со големо задоволство би прифатиле на еден таков расплет во односите со своите бивши деца. Меѓутоа, очигледно не се сакаме и почитуваме доволно.




Ние ги сакаме нашите деца, но децата не нè сакаат нас. Зошто луѓето имаат деца? Па, секако дека припаѓаме во животинското царство, па во нас се буди повикот на дивината да оставиме потомци зад нас и на тој начин да обезбедиме опстанок на нашата ДНК.




Кога ние мајките првпат го ставаме нашето бебе на гра-ди, не претпоставувавме дека тоа наше бебе еден ден ќе ни стане странец. Бившото бебе ќе оди бо градинка и таму ќе се те-па со други бишви бебиња, па ќе тргне во училиште и ќе се запише во средно училиште и ќе зема приватни часови, а некои ќе продолжат и на факултет.




Но, што ви реков претходно? Кога ќе наполнат 18 години, тие престануваат да бидат деца. Па, дали е погрешно што родителите им го плаќаат школувањето или тоа е нормално? Па, ајде да се сложиме дека е нормално на полнолетни луѓе да им се плаќа факултетот, иако во бројни странски држави тоа не е така, децата сами со плаќаат школувањето.




Ние родителите грешиме кога претеруваме со нашата безусловна љубов, па несвесно се претвораме во банкомати. Го гледам моите врсници околу себе, сите имаме 30 или 40-годишни „деца“. Им подаруваме станови, куќи, автомобили, им наоѓаме работа…пари, пари, пари…никогаш доста. А некои родители „пасат трева“ само за да добијат „благодарам“ од децата, но никогаш не го слушнуваат тој збор од нив.




Зар ние родителите не заслужуваме телефонски повик, насмевка, цвет, прегратка…? Одеднаш сфатив, после толку многу години, дека воопшто не се грижам за тоа дали некој ќе ми каже „благодарам“ или ќе биде пристоен со мене. Ме просветли тезата дека детето не му должи ништо на родителот.

Вчера ме насмеа еден пријател. „Му се јавив на син ми, ми рече: ‘Стари, на состанок сум, ќе ти се јавам за пет минути‘. Веќе петнаесет дена чекам да ми се јави.“ Ахахахахаха. „Тебе смешно ти е тоа?“, се чудеше тој. Смешно ми е, јас на тие работи повеќе не реагирам. „Блазеси ти“, ми рече.




Да, блазеси ми. Имам маж, имам мачка, имам куќа, имам цвеќе. Ми здодеа веќе да се бо-рам за „љубовта“ на 40-годишното дете до мојот последен денар. Што сум дала, сум дала. Секако дека сум погрешила кога после дувањето на 18-те свеќички не му реков: „Ене ти ја вратата“. Ама, никогаш не е доцна. Добро е да му се покаже вратата и после дваесет години.“ / Ведрана Рудан

Претходна статијаГОТВАЧ ОТКРИ НЕОБИЧЕН РЕЦЕПТ ЗА НАЈДОБРО ПЕЧЕН КОМПИР: За крцкава коричка и мека внатрешност додајте една состојка
Следна статијаКЕТО КОЛАЧ – КОЛАЧ ЗА ДИЈАБЕТИЧАРИ – Без јаглени хидрати