Врвен готвач откри една своја тајна во готвењето, метод за кој сме сигурни дека никој досега не го објавил ниту испробал. Ако некој сепак го познавал овој начин на готвење и истиот го испробал, нека го сподели своето искуство во коментар. Сите останати, прочитајте и откријте ни дали ќе го испробате неговиот метод.




Печениот компир од рерна е јадење кое спаѓа во најомилените и честопати се приготвува како прилог на главното јадење, а неретко се подготвува и како закуска, па дури и како главно јадење со некој богат сос.




Може да се приготвува во комбинација со пилешко месо, со црвено месо, со риба…има голем избор и зависи од вашиот вкус. Но, како да се постигне совршен вкус, а компирите да бидат однадвор крцкави, а одвнатре меки и вкусни?




Готвачот Ден Клугер, автор на книгата „Chasing Flavour: Techniques and Recipes to Cook Fearlessly“ открива еден многу интересен метод со кој може да се постигне токму ваков вкус и текстура на компирот испечен во рерна.




Мора да признаеме, неговиот метод се разликува од сите останати за кои досега сме прочитале, бидејќи тој користи една невообичаена состојка, за која дека вели е клучна кога станува збор за постигнување на совршено печен компир.




Имено, тој вели дека компирот е најдобро да не се лупи, туку многу добро да се измие, бидејќи голем процент од богатството на вкусот се губи кога компирот ќе се излупи. Затоа, за оваа намена најдобро е да се користат млади компири кои не биле третирани со разни средства кои спречуваат ‘ртење.




Освен што не ги лупи, тој исто така не ги сече, не ги готви и не го загрева маслото. Па тогаш, сигурно се прашувате што им прави на компирите? Тој ги користи младите компири кои се мали по големина и најчесто ги има напролет.




Секако, во недостиг на млади компири и со таа големина, може да се искористат и поголеми, постари, но во тој случај треба да се преполоват или да се исечат на четвртини (да не се ниту премали, ниту преголеми парчињата).




Потоа, тој целосно ги натопува во изматени со виљушка белки, да се обложат од сите страни, а потоа ги зачинува со најразновидни зачини по вкус, а потоа ги става во добро загреана рерна да се печат околу 20 минути на 200 степени.