Овој колач не содржи воопшто јаглени хидрати, па затоа можат да го користат не само оние што внимаваат на својата тежина, туку и оние кои имаат дијабетес, зголемено ниво на шеќер или имаат ограничување за внес на јаглехидрати од некои други причини.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 6 или повеќе таблети вештачки засладувач за дијабетичари по ваш избор или стевија, 150 г мелени ореви (лешници, бадеми…), 50 г кокос (кокосово брашно), 1 лажица какао (со висок процент на какао, но кој не сака, не мора). За глазура: 80 г чоколадо со најмалку 80% какао без шеќер, 200 мл течна павлака, исклучиво млечна




ПОСТАПКА: Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее. Одвојте ги во посебни садови белките од жолчките. Пенасто изматете ги белките со постепено додавање на засладувачот кој сте го одбрале (ако се таблети, претходно сомелете ги во прав).




Изборот на засладувачот останува на вам, па затоа сами одлучете кој вид и колку ќе ставите. Кога белките цврсто ќе се изматат, во снегот започнете да ги додавате жолчките, една по една додека непрекинато матите со миксерот.




Потоа додајте ги мелените ореви и кокосот, па промешајте со лажица или шпатула, но така да остане смесата воздушеста. Во помал плех или тркалезен калап (20 см) ставете хартија за печње и излејте ја смесата. Протресете за да се распореди рамномерно.




Печете го колачот приближно 20-тина минути или според секој според сопствената рерна, но секако пред да го извадите колачот проверете со чепкалка дали е доволно печен (ако излезе сува, значи дека е готов).




Оставете го колачот малку да се олади, па пригответе го ганашот. Загрејте ја течната павлака но бвнимавајте да не ви зоврие, зошто го менува вкусот. Потоа во топлата павлака додајте го чоколадото ситно искршено на коцки.




Прелијте го колачот со чоколадната глазура, а одозгора по желба можете да наросите сечкани ореви. Количината на павлаката може да биде и помала, ако сакате поинтензивен вкус на чоколадо. Оставете да се олади, па послужете. / Domaсireсерti