Дека нешто не е во ред со резултатите кога ќе ги добиете од лабораторија, ќе знаете веднаш ако бројката отстапува од референтните вредности на хартијата. Но еве на што тоа може да укажува.

ЗАПОЗНАЈТЕ СЕ СО ЗНАЧЕЊЕТО НА ПАРАМЕТРИТЕ ОД АНАЛИЗАТА НА КРВНАТА СЛИКА

ЕРИТРОЦИТИ

Помалку крвни зрнца е знак дека можеби имате анемија, а ако имате повеќе – полицитемија или зголемен број крвни клетки.

Седиментација на еритроцити

Причини за покачени вредности се воспалителни процеси, бременост, анемија, тумори…

Намалена вредност нема значење.

Хематокрит

Намалени вредности одат во прилог на анемија, а покачени, како и кај еритроцити, укажуваат на полицитемија.

Резултатите ако се вон нормалните граници може да бидат знак за анемија, синдром на хроничен умор или алкохолизам.

Ц реактивен протеин

Ова е еден од општите показатели за воспаление и укажува на некоја акутна инфекција. Вредноста расте и при најмал воспалителен процес во организмот.

Брзина на надокнадување еритроцити при губиток на крв

Покачена вредност укажува на анемија, неухранетост и болест на црниот дроб, а намалена за проблем со бубрезите.

Просечна количина на хемоглобин

Намалена вредност укажува на класична анемија, а зголемена на полицитемија.

ТРОМБОЦИТИ

Намален број укажува на можност од крвавење, а зголемен на инфекција, канцер, анемија.

Просечна концентрација на хемоглобин

Намалени вредности укажуваат на анемија, додека зголемена вредност ретко се среќава, а укажува на полицитемија.

ХЕМОГЛОБИН

Ниски вредности може да се стретнат кај анемија, крвавење и разни други состојби, а зголемени кај полицитемија и астма, но се јавува и кај луѓе кои живеат на висока надморска висина.

ЛИМФОЦИТИ

Покачени вредности се поврзуваат со инфекции, обично вирусни, разни хематолошки заболувања, како и рак. Намален број се јавува после прележани инфективни заболувања.

WBC Леукоцити

Бројот се зголемува при бактериски инфекции, воспаление на бели дробови, грло, хематолошки болести, а опаѓа при болести на коскена срцевина.

Неутрофилни гранулоцити

Бројот им се зголемува при бактериски инфекции, а опаѓа при проблеми со коскена срцевина. Постојат и еозинофилни гранулоцити кои учествуваат во алергиски реакции и кај инфекции со паразити.

МОНОЦИТИ

Знаат да им се покачи бројот кога постои некоја инфективна мононуклеоза, т.е. тинејџерска болест на бакнежот, а опаѓаат кај вирусни и бактериски инфекции.