1. Единствениот збор со кој луѓето најчесто ве опишуваат е „енергични“
Понекогаш може да ви кажат и дека сте напнати, но тоа е само вашата интензивна природа, вашиот жив, енергичен и возбудлив карактер.
2. Никој не е подобар од вас во брзо спуштање ладен туш врз некого
Скорпиите имаат боцка која повремено ја користат за да се одбранат себеси, но некогаш веројатно не знаете колку ве бива да ги навредувате другите.
3. Имате силен природен магнетизам
Многу луѓе се привлечени од интензитетот, мистеријата и страсниот шарм на Скорпијата. Едноставно возбудливо е да му се допаѓате некому.
4. Но исто така знаете да бидете таинствени и себезаштитени
Скорпиите многу често имаат чувство дека нивниот од интензивен темперамент им доаѓа премногу на луѓето па се обидуваат да компензираат така што подигнуваат ѕидови пред себе. Можете да станете многу повлечени.
5. Вие сте многу самостојни
Скорпиите бестрашно си го штитат своето сопствено време кое сакаат да си го посветат на себе и се веројатно единствениот знак кој толку ја сака и поднесува самотијата.
6. Често имате тенденција да бидете љубоморни, па дури и малку територијални
Скорпиите лесно им стануваат љубоморни на нивните романтични партнери, а понекогаш и на пријателите – мора да бидете внимателни да не дозволите оваа склоност да премине во посесивност.
7. Но и обратно, никој не им е толку верен на саканите како вие
Скорпиите се поставуваат многу заштитнички кон луѓето кои ги сакаат, често одејќи дури до крајни граници, на пример во состојба се да им се налутат на оние кои ги повредиле нивните блиски. Луѓето секогаш ве сакаат на своја страна.
8. Имате остра, но прецизна смисла за хумор
Без разлика дали се работи за еден вид одбранбен механизам или не, вие умеете да ги забележите разните специфичности и апсурдности во сè околу вас и паметно да ги потенцирате среде муабет.
9. Многу сте мотивирани и амбициозни
Скорпиите сакаат да прават значајни промени, и ако наумат нешто такво, тие и ќе успеат. Сакате да бидете на лидерски позиции и го сакате чувството на контрола.
10. Вие не сакате да победувате. Вие МОРА да победувате.
Скорпиите се невообичаено компетитивни – толку многу што би мамеле и манипулирале само за да победат во играта (или дури и за да „победат“ во некоја ситуација).