Денес (12 јули) е Петровден, а утре е Павловден (познат уште и како Пајаковден), со кој се поврзани многу обичаи.

Собор на 12 Апостоли – Павловден. Бидејќи овој ден, иако е посветен на двајцата славни Господови апостоли, сепак се вика Петровден, следниот ден е одреден да се слави споменот на Светиот апостол Павле – Павловден.




На овој ден именден слават тие што го носат името Павле, Пајо, Павлина и слично, иако и на Петровденскиот ден може да се сретне празнување на овие имендени, затоа што е ден кога се празнува споменот на двајцата апостоли.




Жените повеќе го слават Павловден како празник отколку Петровден, поради бројните народни обичаи кои се поврзани со овој ден. Во некои места на овој ден не се работи и се пази од пајаци, да не го к аснат некого. Се верува дека човек к аснат од пајак на овој ден тешко ќе оздрави. Затоа овој ден е познат и како Пајаковден.




Во некои краишта, на пример во гевгелиско, народот сметал дека Павле бил брат на Петар и дека на луѓето им правел разни добри дела. Народот велел дека св. Петар бил богат и сербес, а св. Павле сиромав и добродушен.




Во некои места обичај е пред големиот празник да се палат китки кои се направени од млада кора на дива цреша или бреза. Обично тоа се прави на место каде се собира народ, на плоштади, раскрсници и во тоа учестуваат деца и млади.




Палењето огнови ги симболизира оние времиња кога христоборните цареви ги прого-нувале и маче-ле христијаните врзувајќи ги за дрвени столбови, по што ги полевале со смола и ги па-леле. На овој празник не се работи, порано стоката се прскала со вода за да биде здрава цела година.




Исто така, се плетеле и венци и им се ставале на роговите на животните. Според верувањата, на овој ден не смеат да се сечат јаболка со нож, ниту да се удираат јаболката една од друга. Се верувало дека во спротивно ќе падне силен град. Некои им носат јаболки наутро на соседите, а некои разнесуваат за п окојните.




Обичај е да се меси колач со јаболка

Петровден повеќе се смета за црковен празник, постарите луѓе одат во црквата, а кој постел во Петровденскиот пост се причестува. На овој ден може и да се работи зашто е во време на најголемата жетва, а според верувањето дури и светецот (Св. Петар) тој ден земал срп и жнеел. Некој го држат празникот само до пладне, а попладне работат.




Во Галичник Петровден се сметал за голем празник, тогаш иделе печалбарите и тогаш се правеле и свадбите. Останало забележано дека некогаш во еден ден имало 50 свадби, а удирањето на тапаните се слушало дури во Албанија.




СВЕТИ ПЕТАР

Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од племето Симеоново, од градот Витсаида. Беше рибар и прво се викаше Симон, но Господ благоизволи да го нарекува Кифа или Петар (Јован 1, 42). Прв од учениците јасно ја изрази верата во Господ Исус, велејќи: „Ти Си Христос, Син на Живиот Бог“ (Матеј, 16, 16).




Љубовта кон Господ му беше голема, а во верата се утврдуваше постапно. Кога Го изведоа Господ на суд, Петар трипати се одрече од Него, но само еден поглед на лицето Господово го исполни со срам и покајание. По слегувањето на Светиот Дух стана бестрашен и снажен проповедник на Евангелието.

После една негова беседа во Јерусалим се обратија околу три илјади души. Го проповедаше Евангелието ширум Палестина и Мала Азија, Илирик и Италија. Вршеше големи чуда: лечеше болни, воскреснуваше мрт ви, дури и од неговата сенка се исцелуваа болните.

Имаше голема б орба со Симон Волхот, којшто се прикажуваше за бог, а всушност беше слуга с атанин. Најпосле го посрами и го п обеди. На заповед на сви-репиот цар Нерон, којшто беше пријател на оној Симон, Петар беше осуден на с мрт.

Откако го постави Лин за епископ на Рим и го посоветува и утеши стадото Христово, Петар радосно појде да прими с мрт. Кога виде пред себе крст, ги замоли џелатите да го рас-пнат главечки, бидејќи се сметаше себеси за недостоен да у мре како неговиот Господ. Така се упокои и прими венец на вечна слава великиот слуга на великиот Господ.

СВЕТИ ПАВЛЕ

Светиот апостол Павле е роден во Тарс, од племето Венијаминово. Прво се викаше Савле, учеше кај Гамалиил, беше фарисеј и г онител на христијаните. Во христијанската вера беше обратен преку чудо од Самиот Господ, Којшто му се јави на патот за Дамаск.

Крстен од апостолот Ананија. Му се даде името Павле и беше приброен кон службата на големите апостоли. Со пламена ревност го проповедаше Евангелието секаде, од границите на Арабија до Шпанија, меѓу Евреите и незнабошците. Го нарекоа апостол на незнабошците.

Колку што беа ст-рашни неговите стра-дања толку беше натчовечко неговото тр-пење. Низ сите години на неговото проповедање како на тенок конец висеше ден за ден меѓу животот и с мртта.

Откако сите денови и ноќи ги исполни со стра-дања за Христа, откако на многубројни места ја устрои Црквата и откако ја достигна таа мера на совршенство што можеше да рече: „не жи веам веќе јас, туку Христос жи вее во мене“, беше у-би-ен со м еч во Рим, во времето на царот Нерон, кога и апостолот Петар.