Маслото од кантарион е најдобриот лек: Еве што лекува и како се прави

Маслото од кантарион (Hypericum perforatum) е препознаено како традиционален народен лек кој се користи локално за лекување на р ани, гребнатини, изго-реници, изго-реници од сонце и воспалителни нарушувања на кожата.




Неговата употреба при заздравување на р ани се должи на неговите антиинфламаторни, антимикробни и адстрингентни својства. Исто така, го стимулира растот на ткивата и диференцијацијата на клетките, бидејќи се покажало дека една од главните состојки на маслото од кантарион е хиперфорин, кој е препознаен како активатор на диференцијација на кератиноцитите.




Друга потенцијално корисна активност може да биде нејзиниот инхибиторен ефект врз епидермалните клетки на Лангерханс. Понатаму, истражувањата покажале позитивен ефект на маслото од кантарион со подобрување на заздравувањето на ра-ните во различни области на кожата.




Конечно, извршени се неколку клинички студии кои ги испитувале неговите ефекти во третманот на атопичен дерматитис, заздравување на р аните по царски рез, како и заздравување на р ани на скалпот, чиреви итн. што се покажало како многу ефикасно.




Студиите откриле позитивни здравствени ефекти врз кожата. Сепак, сè уште се потребни дополнителни истражувања, со цел 100% да се утврдат неговите лековити својства.

Кај народот е општоприфатена употребата на кантарионовото масло, а сите оние кои не можат да го наберат или не знаат како да го приготват, истото масло може да се купи во речиси секоја аптека. Најчесто се користи за отстранување на ситни брадавици по целото тело и за какви било ситни или крупни р анички.




Рецепт за правење масло од кантарион:

Билката берете ја на топло и суво време. Не ја корнете целата билка и не ја берете цела. Оставајте секогап по некое гранче од секоја единка за да може да создаде семе, но и за храна на пчелите.




Најдобро е да се бере кантарионот кога е во пупки и нецелосно расцветан, а прецветаните делови треба да се остават. Откако ќе се набере билката се остава еден ден распостелен на платно или хартија за да овене и за да излезат евентуалните бубачиња.




Се бере од еколошки чиста средина за да не мора да се мие. Кога се приготвува мацерат, потребно е билката да содржи што помалку влага во неа, па затоа е потребно да се остави ден-два за да испари влагата од неа.




ПОСТАПКА: Ставете ги овенатите врвови од кантарион во тегла од половина литар, а потоа прелијте ги со маслиново масло, внимавајќи целиот растителен материјал да биде потопен (додајте малку повеќе масло доколку е потребно).




Затворете ја теглата со капак и ставете го на темно место (за внатрешна употреба) или на сонце (за надворешна употреба) да отстои во период од 2 недели или додека маслото да стане црвено, а потоа процедете ги цветовите, најдобро низ густа газа. Исцедете колку можете повеќе масло од растителниот материјал. Маслото ќе има темно црвена боја.




Бидејќи се користи свеж растителен материјал, ова инфузирано масло треба да се консумира во рок од еден месец или два за да се спречи расипување и оксидација. Затоа е најдобро да се чува во нетранспарентно стакло и во фрижидер.

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Претходна статијаДенес е ПЕТРОВДЕН, а утре Павловден – нека е за многу години!
Следна статијаМојата сосетка има 70 години и мириса прекрасно: се капе во овој раствор, а од неа никогаш не се чувствува пот