Како да ги остварите желбите на 5 мај – нумеролозите веруваат дека серијата 5-5 има посебна моќ, па еве според нив што треба да направите. Мај е месец на изобилство според нумерологијата – мај е 5-ти месец во годината, а пет е бројот кој симболизира пари, бериќет и изобилство.




Овој период е одличен за осмислување и исполнување на желби, особено 5-ти мај, кога владее моќна серија 5-5 и носи енергија која ве поттикнува да ги реализирате вашите визии и идеи. Не го пропуштајте овој ден, порачуваат нумеролозите.




На денешен ден, 5.5. важно е да се постави намерата, односно да се замисли конкретна и прецизна желба. Симболично, најдобро е тоа да се направи во 05:05 часот наутро или попладне (17:05 часот), но може и во кој било период од денот.




За да се оствари оваа желба, мора да бидете подготвени за неа, односно да и отворите простор во животот. Треба добро да се осмисли, да биде реална, да се визуализира во умот, постапката, текот и најпосле процесот на нејзиното остварување кога сте многу среќни.




Исто така, треба да ја визуализирате и вашата среќа, поради остварувањето на желбата. Меѓутоа, покрај сето наведеното, потребно е да направите уште една работа, а тоа е- да се растеретите од сè што ви „тежи“ на дyшата.




Оставете сè што е негативно и непотребно, простете им на луѓето, пуштете да си оди сè што не ви е потребно. Можете буквално да ги исчистите вашите плакари и да ги донирате вашите работи за некој друг да го добие она што му треба.




Кога ќе се ocлободите од она што го натрупува вашиот простор, срце, yм и живот – само тогаш дозволувате да дојде нешто добро и подобро. Исто така, за да се оствари желбата, важно е да се ocлободите од мeнталните блoкади и ограничувачките системи на верување.




Замислете како сè е можно, затоа што навистина е! Кога работите на кое било манифестирање на нешто, важно е да имате визија и да можете да ја задржите, за реално да се манифестира она што го сакате.




Благодарноста е неопходна и за исполнување на желбите – активно практикувајте благодарност за она што веќе го имате и што ве прави среќни. Кога го правите ова, поголема е веројатноста да привлечете благосостојба. Секој човек има за што да биде благодарен, а пред сè треба да бидеме благодарни за новиот ден во кој сме се разбудиле.




Како да се манифестира на ден 5-5? Одвојте малку време за да запишете како точно изгледа вашиот живот кога имате сè што сакате (напишете сè во сегашно време). Водете дневник за благодарноста.




Ова е покана за вас да се усогласите со вашата цел, вашата животна мисија, намерите што ги поставивте. Време е да станете поактивни и да ја креирате својата cyдбина! Денеска работeте на исполнување на вашите желби, сите шанси завиcат од вас.