Декоративна и вкусна салата со ориз која може да замени и оброк – мора да ја пробате, од вкусот ќе се воодушевите

Рецепт и видео презентација на Том Филос – Декоративна салата од ориз.

Малку труд и ете радост на масата! Салата која може да биде замена за оброк. Од вкусот ќе бидете одушевени!

Потребни состојки:

400 г ориз, 200 г рендана салама (или сувомеснато по избор), 200 г рендан кашкавал, 400 г кисела павлака, 80 г мајонез

За декорација:

Варени моркови, сечкани маслинки, кисели краставички, варени јајца…

Постапка:

На тивок оган сварете 400 мл ориз со повремено промешување. Сварениот ориз измијте го со ладна вода и процедете го. Пригответе ги останатите состојки. Саламата изрендајте ја, исто и кашкавалот. Во подлабок сад ставете го варениот и исцеден ориз, па додадете ги саламата и кашкавалот.

Во смесата додадете 400 г кисела павлака и 80 г мајонез. Добро промешајте, најдобро со рака, за да се изедначат состојките рамномерно.

Целата смеса рамномерно распоредете ја во калап обложен со проѕирна фолија и израмнете. Смесата оставете ја најмалку еден час во фрижидер за да се излади и стегне. Потоа превртете ја врз чинија за сервирање и декорирајте по желба. Целата постапка и декорацијата можете да ја погледнете во видеото:

Loading...