Тестенините се секогаш добар, заситен и вкусен оброк кој може да се приготват на милион различни начини.

Некои ги сакаат само со ситно сирење или доматен сос, други потпечени со јајца и сирење, трети со болоњезе сос од мелено месо, но убедливо најомилените се овие, приготвени со белиот сос и пилешко месо.

РЕЦЕПТ 1

Потребни состојки:

Тестенини (облик по ваша желба), 2-3 парчиња пилешки гради (бело месо), 200 г крем сирење, 1 мала конзерва пилешка крем супа, 1 конзерва шампињони, 1 домат, 1 пиперка (по можност халапињо), 100 мл млеко, сол, црн пипер, сув зачин по вкус и малку магдонос.

Постапка:

Месото исечете го на коцки, зачинете го по вкус и пропржете го кратко на минимално масло, колку да зацрвени, но да остане сочно. На месото додадете му го крем сирењето, доматот исечен на коцкички, а исто така и ситно исечканат пиперка.

Издинстајте добро, па додадете ја крем супата и печурките. Уште малку динстајте, додадете го млекото, оставете да се вари уште некоја минута колку да се соединат состојките. Одозгора наросете магдонос, па тргнете го садот од оган.

Тестенините сварете ги во солена вода според упатството, а најдобро ал денте. Процедете ги, па додадете го сосот. Промешајте и сервијате го топлото јадење.

РЕЦЕПТ 2 – тестенини карбонара

Потребни состојки:

250 г тестенини, ½ главица кромид, 100 г димена сланина, 250 г неутрална течна павлака за готвење, 1 жолчка, црн пипер и сол по вкус

Постапка:

Во водата ставете малку масло и сол, па кога ќе зоврие ставете ги тестенините да се сварат според упатството. Потоа пригответе го сосот карбонара.

Половина лажица масло загрејте на тава, па во врелото масло испржете ги ситно исечканиот кромид и сланина. Во посебен сад со виљушка изматете ја жолчката и додадете ја во павлаката, а потоа и во пржената сланина. Посолете и запиперете по вкус. Безо мешајте, па кога ќе згусне додадете ја варената тестенина.

РЕЦЕПТ 3 – Англиски тестенини со пилешко и печурки

Потребни состојки:

200 г тестенини, 1 средна главица кромид, 1-2 чешниња лук, 250 г печурки, 200 г грашок, 2 парчиња бели пилешки гради, 250 мл пилешка крем супа (или коцка), 200 мл бело вино, 1-2 лажици кисела павлака или бешамел сос, 1 лажица рендан пармезан, сол, црн пипер, масло

Постапка:

На загреано масло испржете го пилешкото, а кога ќе биде готово извадете го на чинија. Во истото масло издинстајте го ситно сечканиот кромид, додадете изгмечен лук и сечкани печурки. Вратете го месото во тавата, додадете го грашокот, супата и белото вино. Гответе поклопено додека поголемиот дел од течноста да испари. Зачинете по желба.

Додадете ја павлаката за готвење/кисела павлака/бешамел сос. Во тенџере сварете ги тестенините според упатството, па додадете ги во сосот. Може да додадете ситно сечкан свеж магдонос за вкус, а одозгора да наросите рендан пармезан.