ДАЛИ ЖЕНИТЕ СМЕАТ ДА ЈАДАТ КАЛИНКА: Еве што му правите на организмот ако изедете само една…

Калинката се нарекува кралско овошје, но не поради круната што ја има врз плодот, туку поради неговиот уникатен состав и огромниот број корисни својства. Калинката многу се користи и за медицински цели.

Ова овошје содржи цел витаминско-минерален комплекс кој има неверојатно влијание врз човечкото тело. Излегува дека сокот од калинка содржи дури 15 видови аминокиселини, од кои 6, освен во калинката, може да се најдат само во месото.

Значи, ако одлучите да се откажете од месните производи, од калинките можете да ги набавите супстанциите неопходни за здравјето.

Ако сакате да ослабите, да го отстраните холестеролот од телото, да ги балансирате хормоните, јадете го ова овошје секој ден, особено ако сте жена…

Што му прави калинката на нашето тело:

1. Го подобрува хормоналното ниво

Се покажало дека семките од калинката содржат масла кои го враќаат хормоналниот баланс во телото. Жените треба да посветат посебно внимание на ова овошје, бидејќи ги ублажува болките за време на менструацијата, ја ублажува главоболката и помага при менопаузата.

2. Дејствува како природен инсулин

Калинката е многу корисна за дијабетес, односно покачен шеќер. 0,5 лажичка сок од калинка 4 пати на ден го намалува шеќерот во крвта.

3. Го зголемува хемоглобинот

На луѓето кои страдаат од анемија им се препорачува да пијат 0,5 чаши разреден сок од калинка 3 пати на ден 30 минути пред оброците, во период од два месеци.

Прочитајте: „Калинка: лек за pак на простата, дијареа, паразити и други цревни инфекции“ОВДЕ.

4. Ја дезинфицира усната шуплина

Кората од калинка ја ублажува болката и го дезинфицира грлото и устата при стоматитис, фарингитис и болки во грлото.

Прочитајте: „Кората од калинка е природен лек против пролив и цревни паразити (рецепт)“ – ОВДЕ.

5. Го намалува притисокот

Калинката е неопходна и за хипертензивните пациенти, бидејќи е способна да го намали крвниот притисок без негативни последици за организмот. Ова овошје има и смирувачки својства.

За да го смирите нервниот систем, да се ослободите од несоница и анксиозност, треба да пиете чај со додавање на сушени мембрани од калинка.

Прочитајте: „Рецепт за свеж сируп од калинка – има повеќе антиоксиданти од црното вино“ОВДЕ.

6. Ја подобрува меморијата

Се покажало дека употребата на 8 г сок од калинка во текот на четири недели значително ги подобрува индикаторите на вербалната и визуелната меморија.

7. Го ублажува воспалението

За болести на бубрезите, црниот дроб, зглобовите, очите, ушите и половите органи, лекарите советуваат употреба на кора од калинка. За да го подготвите, треба да земете 2 лажици сечкана кора, да прелиете 1 чаша топла вода и да ја варите течноста 30 минути на шпорет.

Потоа процедете го чајот и додајте уште малку зовриена вода за да се добие повторно количина од 1 чаша. Користете го овој лек 2-3 пати на ден, 50 мл половина час пред јадење.

сок од калинка

8. Го намалува гладот

Само 1 чаша сок од калинка дневно ви помага да ја одржите тежината поради неговата способност да ја продолжи ситоста. Научниците тврдат дека овој ефект се должи на полифенолите содржани во сокот, кои се познати по нивната способност да го потиснат апетитот.

Прочитајте: „Кога ќе се оштети кожата и ќе се појават дамки, калинката може да помогне“ОВДЕ.

9. Заштитува од болести на кардиоваскуларниот систем

Постојаното консумирање калинки во исхраната значително го намалува ризикот од смрт од кардиоваскуларни заболувања. Исто така, 0,5 мл сок од калинка 3 пати на ден штити од срцев и мозочен удар. Повеќе можете да слушнете ОВДЕ.