Веруваме дека никогаш не сте размислувале н оваа тема…„зелка салата“, што има тука да се филозифира: изрендај, зачини и тоа е тоа е тоа – зелка салата!

Но, ако сакате да јадете навистина вкусна зелка салата со полн вкус, и тоа како е многу важно, како, и по кој редослед ќе ја зачините.

Ако досега не ви паднало на памет вакво нешто, застанете и размислете, дали прво додавате масло или оцет во салатата со зелка. И да, редоследот менува сè.

Ако го испомешате редоследот, ризикувате да ги изгубите сите витамини и вкусови од здравата зелка. Така барем вели Небојша Стаменовиќ, попознат како „Неша Травка“.

„Прво оди маслото, се разбира, затоа што ќе ги затвори порите каде е исечена зелката за да не „истечат“ витамините во вид на сок кој го фрламе. Ако ставиме прво оцет нема да го постигнеме истиот ефект“, рече тој.

Инаку, зелката е здрава намирница која на многумина им е омилена, исто како и салатата. А Неша Травка обичните јадења ги претвора во магија, па оваа негова салата е нешто посебно. Еве што тој користи за салатата:

-сечкана зелка
-жолт шеќер
-сол
-куркума
-црн пипер
-маслиново масло, па изгмечете
-сенф
-сенф со зрна синап, и на крај
-оцет

И секако сè добро се гмечи со рака за да омекне зелката. Погледнете како го прави тоа во видеото ОВДЕ: