Директорот на Институтот за општа и физичка хемија д-р Стеван Благојевиќ открива како најдобро да ја измиеме омилената храна и да ги отстраниме пестицидите од нив.

Миењето на овошјето и зеленчукот пред јадење е неопходно за да се отстранат нечистотиите, пестицидите и бактериите кои можат да бидат штетни за нашето здравје. И додека некои само ги премиваат со вода, други решаваат да ги измијат темелно – со помош на сода бикарбона.

Се поставува прашањето дали навистина е потребно и како влијае на нашата омилена храна. Трикот со јагоди и сода бикарбона можевме да го видиме на Интернет. Директорот на Институтот за општа и физичка хемија д-р Стеван Благојевиќ, гостин на Прва ТВ, објасни дали сето тоа е потребно за да се заштитиме.

д-р Стеван Благојевиќ

Водителката го пречека својот гостин во емисијата со јагоди натопени во раствор од сода бикарбона. Таа објасни дека јагодите биле во водата веќе половина час, но дека сега тие малку ја промениле бојата и како да омекнале.

Го праша докторот дали откако вака ги истретирала јагодите тие се безбедни за јадење, односно, дали се испрани од пестицидите за кои знаеме со сигурност дека неколкупати се прскаат за да бидат цврсти и убави.

„Тоа е само еден од начините со кој може да се испере овошјето и другите намирници, но не е потребен. Доволно е да се измијат јагодите со обична вода од чешма, како и сите други овошја.

Сода бикарбоната ја менува pH вредноста, веројатно затоа овошјето малку ќе ја смени бојата, но и вкусот“, објасни д-р Благојевиќ. На прашањето дали сода бикарбона ги отстранува и пестицидите од овошјето, докторот беше дециден:

„Не. Сода бикарбона влијае само на промената на pH вредноста, не влијае премногу на растворливоста, ниту пак ги отстранува мастите. Тоа е приказна што некој ја објавил и воопшто не ја проверил точноста“, објасни директорот на Институтот за Општа и Физичка Хемија.

Како што истакна докторот, повеќето овошја и зеленчуци во некои циклуси се прскаат со мали концентрации на пестициди – а најмногу јаболката, јагодите, кромидот, доматите, спанаќот и сè останато што ни се нуди на пазарите.

На прашањето од водителката дали целото овошје и зеленчук кое се нуди на пазарите е третирано со пестициди (иако продавачите го тврдат спротивното), тој одговори потврдно. На денешно време сите ги прскаат културите за да имаат подобар принос, во спротивно приносите ќе бидат многу мали и неисплатливи.

Тој додаде дека сè она што изгледа убаво на око, спанаќо или младиот кромид, дури и некои зачинки билки, содржат пестициди со кои се заштитени од болести и инсекти. Кога станува збор за храната која најмногу се прска, д-р Благојевиќ истакна дека тоа се јаболката.

Меѓу другото, тој спомна дека овошјето и зеленчукот содржат дозволени количини пестициди и не би можеле да доведат до „акутно трyење“. „Ако се измијат добро, се отстрануваат пестицидите. Доволно е да ја измиете храната со млака вода 10-15 минути“, советуваше тој на крајот. Но, да се потсетиме:

Кората на плодовите содржат минијатурни пори исто како и човековата кожа, па преку тие пори навлегува сè со што се третирал тој плод. Од Националниот Информативен Центар за Пестициди советуваат овошјето и зеленчукот да не се мијат со разни сапуни, бидејќи токму преку порите на нивната лушпа ќе навлезат и дел од супстанциите кои сте ги користеле за нивно измивање.

Од Институтот велат дека ниту еден метод за миење не е 100% ефикасен, но советуваат дека миењето под млаз вода од времетраење од неколку минути е поефикасно отколку да ги оставите потопени во вода.

„Добро измивајте ги сите плодови и истријте ги со чист сунѓер, дури и доколку не планирате да ги јадете сосе лушпа. Ова важи дури и за лубениците и компирите и другите плодови кои треба да ги пресечете или излупите (за да спречите нивна контамиција при сечењето).

Оние плодови кои се помеки, добро протријте ги со раце додека ги миете под млаз вода. Бобестото овошје исто така оставете го да се испере под чешма или со распрскувач. Надворешните листови од зелката или салатата секогаш отстранувајте ги.

Доколку можете, секогаш лупете ги овошјата како што се праските или јаболката (освен ако не сте 100% сигурни дека не биле третирани со пестициди). Со термичка обработка може да се ослободите од некои од штетните состојки, но истовремено ќе се намалат и хранливите состојки“, објаснуваат од Институтот, а можете да прочитате ОВДЕ. Емисијата можете да ја погледнете ОВДЕ.