Никој од нас не сака да биде во друштво на психопати, но ако ги прашате нив, тие би рекле дека светот не можи да постои без нив и дека би немало напредок без нивната бесчувствителност.

фото: Илустрација

Животот покрај психопат може да биде тежок, неизвесен, полн со ризици, особено ако отпочнувате нова врска. Како можеме да дознаеме, и тоа што е можно побрзо, дали некој е психопат?

Како што пишува Inc., научниците утврдиле дека постојат неколку индикации кои укажуваат дека сте во друштво на психопат, што може да се препознае за пет минути.

Постојат 5 знаци кои се многу карактеристични за психопатите, па за момент застанете, размислете и тестирајте:

Психопатите зборуваат за овие работи двојно почесто од повеќето:

Според истражувањата, психопатите сакаат да зборуваат за храна, cекc и пари и многу помала е веројатноста од просечниот човек да ги спомене семејството или да зборува за поезија, религија или духовност.

„Доколку некој вербално е опседнат со физичките задоволства или со салдото на банкарската сметка, тоа е доволна причина да се држите настрана од таа личност или да се однесувате со него крајно претпазливо“, пишува Џесика Стилман, пренесува Индекс.

Психопатите сакаат да зборуваат за себе и да кажуваат колку се успешни или каков успех ги чека во блиска иднина

Според Роберт Харе, кој го утврдил „Списокот за проверка на психопатија“, психопатите имаат нарцисоидно и неверојатно надуено гледиште за сопствената важност и самопочит. Имаат огромно его.

Како што пишува Харе, психопатите се карактеризираат со тоа што се „егоцентрични во неверојатен степен и се гледаат себеси како центар на универзумот, со што ја оправдуваат својата желба да живеат според сопствените правила“.

Дополнително, психопатите сакаат да зборуваат за своите „цели“, „успех“ и „величини“, а обично немаат поим што е потребно за да ги постигнат истите и дефинитивно немаат план како да ги постигнат.

Психопатите немаат емпатија, тие се бесчувствителни и има многу помала веројатност дека ќе ги имитираат нашите невербални изрази

Иако можеби звучи чудно, истражувањата покажуваат дека грижливите, емпатични луѓе имаат тенденција да ги имитираат невербалните изрази на другите луѓе. Така на пример, додека некој раскажува тажна лична приказна, емпатичниот човек на лицето има тажна гримаса, па дури и ќе се расплаче заедно со соговорникот, или пак, ако некој се смее и раскажува хумористична сторија, емпатичниот човек ќе се смее гласно и од срце.

Психопатите не го прават тоа, иако се обидуваат да го одглумуваат однесувањето на емпатичните луѓе, ќе ги забележите по лажното и вештачко смеење или по лажно покажаната загриженост.

Всушност, истражувањата покажуваат дека психопатите дури и не зеваат кога вие зевате, што е изненадувачки вообичаено за повеќето луѓе. Причината е што психопатите се фокусирани на себе, а не на другите.

Ако се сомневате дека некој е психопат, едноставно можете да го направите ова тестирање: зевајте пред него, забележете ја реакцијата после тоа и сè ќе ви биде јасно.

Психопатите се неверојатно фокусирани на награди

Сите ние уживаме во наградите. Но, според истражувањата, мозокот на психопатот е всушност така подесен да бара награди по секоја цена, да победува по секоја цена и секогаш да е на пиедесталот. Тоа е затоа што мозокот на психопатот може да ослободи до четирипати повеќе допамин како одговор на наградата отколку мозокот на просечниот човек.

Психопатите сакаат да работат за лоши шефови

Некои шефови се арогантни, груби, препотентни, претерано пребирливи, недоследни… И ние секако не сакаме да работиме за такви. Но не и психопатите. Според истражувањата, на психопатите им недостасува емпатија.

Тие се „ладни глави“ и бестрашни. На нив не влијаат работи кои кај обичниот човек предизвикуваат стрес, страв или гнев – тие ладнокрвно ја анализираат ситуацијата и наоѓаат начини да се подобрат, пренесува N1.

Психопатите не само што напредуваат под ваков тип на шефови, туку имаат поголема веројатност да работат со нив долго време – затоа што тогаш се чувствуваат како „дома“. Со текот на времето можно е да направат дури и здружување, бидејќи и двајцата се од „ист вид“.

НАПОМЕНА: Само обучен професионалец за ментално здравје може да направи точна дијагноза. Ако се сомневате дека некој во ваша близина е психопат или имате работа со некој што покажува загриженост, препорачливо е да побарате стручна помош.