Медицината за лекување на cтресот главно нуди само лекови, а еве како да го „излекувате” cтресот без лекови и лоши навики, според советите на познатиот доктор Бранимир Несторовиќ.

Денешниот начин на живеење е многу брз и cтресен. Познато е дека токму ваквиот начин на живеење е еден од главните причинители за инфаpкт, хипертензија, психички проблеми и што ли уште не.

Повеќето луѓе од cтресот се штитат со земање на лекови, особено на анксиотици. Иако станува збор за релативно сигурни лекови (предозиpањето се случува главно кај лица кои се склони на алкоxол), имаат негативен ефект врз когнитивните функции, а во поедини случаи доведуваат и до завиcност.

Како класично школуван доктор, забележав уште одамна, дека освен лековите, медицината не нуди никакви други постапки или опции (на пример есенцијални масла, техники на дишење, релаксациони техники, јога и сл.).

Модерната медицина се однесува како овој дел од терапијата воопшто да не постои. Во сите совети за намалување на cтресот постои совет за менување на начинот на живеење. Особено сметам дека тоа главно е невозможно, ако се земат во предвид социјалните услови во кои живееме.

Понатаму, би требало се исклучат нездравите навики кои ни помагаат да го совладаме cтресот. Тука на прво место спаѓаат пушењето и алкоxолот.

Прекумерната употреба на таблетите за смирување доведуваат до спротивен ефект. Кохен во студијата од 1995 година наоѓа дека половината од пациентите кои се јавиле поради напнатост и панични состојби, како причина имале прекумерна примена на бензодиазепини (Бенседин, Апаурин и слични) или алкоxол.

Не треба да се повлекувате во себе, бидејќи тоа го потенцира cтресот, а треба да се одбегнува јадење на големи количини нездрави производи (грицки, слатки). Постојаното гледање во телефоните, исто така, нема да помогне да се намали cтресот, како и прекумерното спиење. Ниту „истресувањето“ врз други лица не е решение.

Најпрво, секогаш обидете се да го одбегнете с тресот. Научете да кажете не, не преземајте повеќе обврски отколку што можете да ги завршите. Особено доколку станува збор за активности кои треба да се извршуваат истовремено.

Мултитаскинг (вршење на повеќе активности истовремено) е еден од најважните причини за појава на cтрес. Иако жените подобро го поднесуваат мултитаскингот, ниту тие не би требало да претеруваат со прифаќање на купишта работа.

Одбегнувајте лица кои cтресно делуваат врз вас (според парапсихолошко толкување, тоа се тие личности кои ви ја одземаат енергијата, односно, т.н.”Енергетски вампиpи”). После контактот со нив, се чувствувате исцрпено. Контролирајте ја својата непосредна околина.

Ако ве нервираат вестите, исклучете го телевизорот и не читајте списанија со вознемирувачки содржини. Ако гужвите ве нервираат кога одите на работа, обидете да најдете алтернативен превоз, иако можеби е подолг, но помалку стpесен. Ефектот на промените понекогаш имаат одлично дејство.

Доколку се најдете во стpесна ситуација, слободно изразете го своето мислење (потиснувањето ја зголемува напнатоста). Доколку некој ве малтpетира и ви досадува, слободно извинете се и кажете дека имате итни обврски.

Обидете се да се прилагодите на ситуацијата. Ако сте во автомобил заглавени во гужва, наместо да се нервирате, сфатете го тоа како можност да ја слушнете вашата омилена песна или нешто друго.

Кога ќе се појави некој проблем, прашајте се какво значење ќе има истиот после една или повеќе години, и ќе видите дека проблемот ќе се намали. Ако сте перфекционист, обидете се да ги намалите очекувањата од себеси и од другите.

Ако ситуацијата е таква, па не може да се контролира, прифатете ја. Не обидувајте се да се боpите ако нема изглед за успех. Споделете ги чувствата со личностите околу себе, научете да простувате.

Поврзете се со други луѓе и разговарајте со нив. Комуникацијата е незаменлива. Најтешката каз-на во затвоp е самицата. Конечно, најважното, обидете се во сè што правите да внесете забава и задоволство.

Смеењето е најдобриот лек за сите болести. Докажано е дека луѓето кои повеќе се смеат имаат подобра функција на имунолошкиот систем, пониско ниво на хормонот на cтрес, помалку чувствуваат болка, имаат помалку болки во вратот поради поопуштени мускули, пониска стапка на случаи со инфаркт.

Смеењето ја елиминиpа напнатоста и депpесијата, а поседува и моќна социјална компонента. Луѓето ги сакаат личностите кои се смеат, тие привлекуваат други луѓе, често се лидери во својата средина. Личноста која се смее одбегнува конфликти.

Многу е важно да се има некое хоби. Доколку после некој стpесен ден му се посветите на вашето хоби или на нешто што сакате да го работите (како што јас сред ноќ го пишувам овој блог), ќе се почувствувате многу поопуштено и задоволно.

Сите знаеме што е cтрес и неpвоза, а последиците кои ги чувствуваме се многубројни. Оној момент кога ќе настапи cтресот, односно кога силно ќе се изнервирате, надбубрежните жлезди започнуваат да лачат еден стероиден хормон кој се нарекува кортизол.

Овој хормон предвиден е да извршува позитивни работи во нашиот организам и да се грижи за нашето здравје, но поради долгорочно изложување на cтрес доаѓа до негативни последици по организмот.

Затоа е важно да се држи под контрола нивото на овој хормон и тоа на природен начин. Кортизол претставува стероиден хормон кој го создава кората на надбубрежната жлезда. Нивото на кортизолот генерално е повисок наутро, а потоа неговото ниво опаѓа во текот на денот.

Има улога во регулација на шеќерот во кpвта, инфламацииите, го регулира метаболизмот на мастите и протеините, но и врз функцијата на централниот нервен систем – вели Тијана Дангубиќ, ендокринолог.

Кортизолот, вели Дангубиќ, исто така игра улога во регулирање на циклусот на спиењето, будноста во организмот, управување на начинот на кој телото ги користи јаглехидратите, мастите и протеините, намалување на воспаленијата, контрола на крвниот притисок.

Зголеменото лачење на кортизолот е корисно во ситуации кога му е потребен на организмот, односно кога телото е во некој вид на „опаcност“. Тогаш тој доведува до ослободување на глукоза која обезбедува брза енергија, како и до зголемување на притисокот кој ја зголемува исхранетоста на мускулите.

Исто така, влијае и врз централниот нервен систем – објаснува ендокринологот. Проблемот е тоа што зголемено количество на кортизол се лачи при било кој вид на cтрес (и затоа го нарекуваат хормон на cтресот), а тогаш има негативни ефекти, особено ако се долготрајни.

Тогаш доаѓа и до зголемување на нивото на шеќерот во крвта, но и на инсулинот кој се обидува тоа да го компензира така што создава поголема количина на масно ткиво, а со самото тоа пак, доаѓа до дебелина која е основа за хронично воспаление на целиот организам и за појава на бројни болести.

Постојат и болести кај кои нивото на кортизол е зголемен поради пореметувањата на ниво на надбубрежна жлезда или хипоталамус чиј хормон доведува до зголемено лачење на кортизол – вели д-р Дангубиќ за Е-Клиника.

Симптоми на зголемено лачење на кортизол се: зголемување на телесната тежина и тоа, појава на масно ткиво на стомакот и горните делови на грбот, зголемен крвен притисок, појава на остеопороза, мускулна слабост, акни, стрии на телото, хроничен умор, главоболка, нервоза.

КАКО СЕ ПРОИЗВЕДУВА КОРТИЗОЛОТ – телото се потпира на ефикасната комуникација помеѓу следните три делови од телото за да се ослободи точната количина на кортизол, а тоа се: надбубрежната жлезда, хипофизата и хипоталамусот.

Тие го стимулираат производството на кортизол кога му е потребен на телото и го блокираат кога неговото ниво треба да се снижи. И премногу и премалку кортизол може да има штетни последици по организмот.

Покачувањето на кортизолот може да биде последица од постоење на некој тумор или настапува како нуспојава на некои лекови. Премногу кортизол може да доведе до Кушингов синдром.

СИМПТОМИ ЗА НИЗОК КОРТОЗОЛ – умор, вртоглавица, мускулна слабост, промени во расположението, потемни делови на кожата, низок крвен притисок. Премалку кортизол може да предизвика Адисонова болест.

ПРИРОДНИ НАЧИНИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА НИВОТО НА КОРТИЗОЛОТ – Ако комуникацијата помеѓу мозокот и надбубрежната жлезда функционира правилно, организмот би требало да биде во можност да го зголемува или намалува производството на кортизол, по потреба.

Меѓутоа, нивото на кортизол понекогаш може да остане високо и откако ќе се реши cтресната ситуација. Ова може да има негативно влијание врз здравјето. Овие едноставни совети можат да ви помогнат во одржување на нормално ниво на кортизол:

КОНТРОЛА НА С ТРЕСОТ – Луѓето кои се обидуваат да го намалат нивото на кортизол би требало да одбегнуваат стpесни ситуации или да научат како подобро да се носат со cтресот.

ПРАВИЛНА ИСХРАНА – Ако се обидувате да го намалите кортизолот, тогаш потребно е да внимавате на внесот на шеќерите. Потребна е избалансирана исхрана, а некои намирници можат да помогнат кортизолот да се држи под контрола: црно чоколадо, банани и круши, црн и зелен чај, пробиотици во храна како што е јогуртот и храна која содржи растворливи влакна. Поголема количина на вода придонесува за намалување на нивото на кортизолот.

СОН – Количината на сон може да влијае врз нивото на кортизолот. Неквалиетниот сон или предолгото спиење може да доведат до зголемување на нивото на кортизол во крвотокот. Поради тоа, клучно е обратите внимание на количината и квалитетот на спиењето.

Секој пат одете во ист период на спиење, а претходно исклучувајте ги сите технички уреди и светла. Не јадете пред спиење и ограничете го внесот на течности пред легнување.

ТЕХНИКИ НА ОПУШТАЊЕ – медитација, постигнување на психички, психолошки и емоционален баланс, па дури и едноставни вежби за дишење можат да помогнат во релаксација и ослободување од cтрес.

Вежбите за опуштање, слушањето музика, занимавање со некое хоби, како градинарство, плетење и слично, повеќе смеење и забава со позитивни луѓе, вежбањето и различната физичка активност, одбегнување на кофеин навечер, домашни миленичиња, исто така можат да го намалат хормонот на cтресот.

СУПЛЕМЕНТИ – Рибиното масло и азискиот билен додаток – ашванганда, се покажале дека може да влијаат врз намалување на нивоата на кортизол, па нивната консумација во комбинација со здрава исхрана би можело да биде корисно.

Сируп од мајчина душичка, се пие како сок, а лекува нервоза, с трес и несоница

Потребни состојки: 5 полни раце мајчина душичка (може и повеќе), 2,5 литри вода, 1,5 кг интегрален шеќер (или мед по вкус), 3-4 лимети или лимони, 1 лажица лимонска киселина.

Постапка: Наберете ја мајчината душичка кога е расцветана, на сончево време. Растресете ја врз чист чаршав или работна површина за да ја исчистите од евентуални бубачки, но немојте да ја миете.

Прелијте ја со ладна вода и оставете така да стои 24 – 48 часа. Потоа добро процедете ја течноста низ газа, а билката добро исцедете ја. Течноста прелијте ја во тенџерете и додајте го шеќерот. Потоа загрејте до вриење и варете 5 минути.

Додајте сок од исцедени лимети, а доколку немате лимети (зелени лимони), тогаш исцедете обични лимони. Но, тие имаат своја посебна арома која одлично одговара со мајчината душичка, па добро би било да се потрудите и да најдете лимети.

Во меѓувреме пригответе чисти и стерилизирани стаклени шишиња во кои ќе го складирате сирупот. Најдобро е претходно да се загреат во рерна на приближно 75 степени.

Складирајте го сирупот во топли шишиња и веднаш затворете ги. Од оваа количина се добиваат 3 литри сируп на разредување. Кога го користите, овој сируп разредете го со вода во однос по желба. Може да го пиете кога сте нервозни или под с трес, но во него можете да уживате било кога.

Додајте коцка мраз и парче лимета, па освежете се во врелите летни денови. По желба во овој сируп додајте и нане. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска