Кога решив да се венчам пред олтарот со Даниел на 23-годишна возраст, ме предупредија дека сум уште млада, дека љубовта ќе го изгуби својот интензитет, ќе се претвори во монотонија и најубавите години ќе ми пропаднат во вода.

Сите ми велеа дека сè уште немам видено ништо, го немам прошетано светот, а ако сега се омажам ќе жалам кога ќе подостарам. Верував во спротивното. Значи, не можеме да излеземе заедно, да патуваме, да излегуваме во друштво? Дали е забрането во брак?

Ме уверуваа дека кога ќе се родат децата, средувањето на домот, обврските на работа, повеќе ништо нема да е исто. Не им верував, но по седум години брак, почнав да се сеќавам на нивните зборови.

Мојот брак стануваше сè поздодевен. Даниел поминуваше сè повеќе време пред компјутерот, а ако не беше пред компјутерот, тој беше пред телевизорот. Секогаш би имало нешто поинтересно од тоа кога ќе започнев разговор со него.

Сè почесто помислував дека како жена, веќе не сум интересна за него. Не знаев како да започнам разговор за нашиот проблем. Знаев дека нешто треба да се промени меѓу нас, да ја освежи ст раста, љубовта и врската, но како?

Првото нешто што ми падна на ум беше дека спиев со истата ноќница со години. Ја обожавам оваа ноќница затоа што е пријатна и лесна иако не е најубава на изглед. Решив, ќе започнам со промена на мојата ноќница.

Наместо новата маса и столици што одамна ги посакував, купив нова ноќница. Не беше удобна како старата, но беше нова и попредизвикувачка од старата. Со задоволство ја облеков, облеков наметка над неа и седнав покрај Даниел на работ од фотелјата.

„Да бев јас на твое место да ги гледам тие глупости на телевизија, ќе проверев дали мојата сопруга сè уште ги има пегите на рамењата. Порано ги броеше. Кој знае дали се сè уште таму – реков мислејќи дека е повеќе од јасно што сакам. Така мислев, но тој не го разбираше тоа“ – вака му се обратив.

„Зарем тие пеги не ти се појавуваат секогаш од сонцето? Ќе видиме кога ќе дојде лето” – одговори тој без да го тргне погледот од ТВ. „Не знам, треба да провериш, можеби има уште некоја останата од минатата година, а можеби пегите веќе почнаа да се јавуваат“, упорно продолжував.

А тој ми возврати: „Остави сега, те молам, гледам натпревар. Покрај тоа, некое време користеше крем за пегите, не ти помогна?“ „Мислев дека сакаш да провериш, нема да ти избега натпреварот“, иронично реков. Ништо не ми одговори. Или не ме слушаше или не го интересирав.

Отидов во спалната соба, ја соблеков новата ноќница, убаво ја здиплив и ја ставив во плакарот, а потоа ја облеков старата и го отворив прозорот. Ми требаше сончев зрак, да ме осветли и загрее и да ми ги раст-ргне непријатните мисли од главата.

На ладна и убаво разбистрена глава, секогаш носам рационални и правилни одлуки. Потоа заспав пред Даниел да си легне и да дојде во соба.

На работа, канцеларијата ја делам со Соња. Таа ми е огромна поддршка и не само што сме колешки на работа, ние многу добро се согласуваме една со друга. Можам да кажам дека ми е една од најверните пријателки, а таа ми е и кума на децата.

Добро нè познава мене и Даниел уште откога не бевме венчани и првите состаноци и не и требаше многу време да сфати што ме мачи. Да појаснам, дополнително ме познава добро, има шесто сетило за работите кои ме загрижуваат.

Мажите понекогаш не забележуваат кога жената е загрижена. Веднаш штом дојдов на работа ме праша што се случило, дали сум загрижена за нешто. Јас прво не сакав да правам како да е голема работа, но Соња толку добро ме знаеше што не можев да ја излажам.

Постојано и возвраќав дека не е ништо, а тогаш таа ми рече: „Епа веројатно тука е проблемот, што ништо ти се нема случено, а требало да се случи. Не одолжувај и веднаш кажи ми. Не можам да ти помогнам, ако не го знам проблемот.“

И реков: „Немам што посебно да ти кажам, освен тоа што работите помеѓу мене и Даниел не се веќе исти. Не се караме и ниту имаме некаков сериозен проблем. Едноставно како нешто да е успано помеѓу нас, нема ст-раст.

Да не ни е тука Ивона, ќе заборавевме да разговараме. Некако сè е без вистинска радост, монотоно. Даниел се враќа доцна од работа, а јас не сум ни нешто расположена во тоа време, бидејќи рано треба да станам за на работа.“

Тогаш Соња ми рече дека морам да преземам нешто. Лесно беше да се каже, но што требаше да преземам? Соња ми рече да бидам малку креативна, да си купам нова облека, да ја сменам фризурата, почесто да се шминкам..

Веќе пробав со ноќницата, но тој не ја ни погледна. Ми текна да си купам нова провокативна долна облека, нов парфем, да подготвам вкусна вечера и да ставам свеќи низ цел стан, некоја добра музика..

Веднаш се фатив за работа, не сакав да губам време. Сакав да си ја поправам врската со сопругот бидејќи тој ми значеше многу. Бев до продавница и купив сè што ми требаше. Купив црвена облека, а ме чинеше колку завесите што ги гледам уште од пред неколку месеци.

На враќање, застанав и до цвеќарницата и купив неколку црвени ружи. Одлучив сè да биде во црвени тонови, бидејќи црвената боја ја симболизира љубовта. Вкусна вечера, свеќи, цвеќе, убава облека..

Ќе биде убаво изненадување. Даниел се врати од работа и уште од врата искоментира: „Ммм, нешто убаво мириса, спремно ли е?“ – ми довикна Даниел уште од врата.

Му реков да касне нешто набрзина, да и дадам вечера на Ивона и да ја легнам во кревет, а потоа на мир да вечераме ние двајца. За Ивона вечерата беше спремна, но не и нашата.

„Ќе каснам малку сланина и сирење, има лук?“ – ме праша оддалеку. Тука сфатив дека вечерата ќе почне да пропаѓа во вода, не поради лукот, туку поради тоа што тој веднаш седна пред телевизорот.

Јас сè уште ја подготвував вечерата, кога во дневната слушнав ‘рчење. Но, не се предадов. Се тешев со тоа што си реков дека нема да открие тоа што му спремам и ќе биде многу изненаден.

А кога сè беше готово, отидов во спалната и се пресоблеков. Во тој момент, ја слушнав Ивона како плаче и почна да вика по мене бидејќи на зајчето (играчка на Ивона) му се от-кинало увцето.

Си помислив како баш сега? Таа платнена играчка ќе ми ја расипе цела вечер. Ова зајче ми предизвикуваше многу проблеми. Еднаш кога бевме на гости кај пријатели, Ивона го заборави зајчето кога си одевме, а потоа моравме да се враќаме 10 км за да го земеме.

Како што бев облечена, не можев да отидам во нејзината соба. За среќа, Даниел се разбуди и истрча веднаш во собата на Ивона. При брзање кон нејзината соба, ја скрши вазната со ружите кои ги купив пред неколку часа.

Целиот мој труд околу подготвувањето како да падна во вода. Даниел во целиот хаос ми довикна, што сум ја ставила вазната на масата, секој можел да ја бутне. Многу се изнервирав и дрско му одговорив дека таму и е местото на вазната, а тој требало малку повеќе да внимава.

Не можеше да ми одолее на одговорот и ми возврати зошто сум ги ставила сите тие работи на масата. Многу се налутив и си отидов во соба, а на него му реков сам да си вечера.

Разочарана си легнав во креветот и пробав да заспијам. Утрото на појадок никој не ја спомна синоќешната непотребна напнатост, но исто така никој од нас не се потруди да биде љубезен.

„Синоќешна вечера. Тоа ќе биде нашиот ручек денес. Ако дојдеш пред мене, загреј ја и јади“, ладно му реков. „Ќе одиш некаде после работа?“, ме праша. „Да, имам некои обврски“, одговорив кратко, без никаква желба да го продолжам разговорот.

На работа, се обидував да бидам собрана и енергична. Некои го сфатија така, но на Соња и беше јасно дека оваа ненадејна активност и брзање всушност е резултат на нервоза.

Што е сега повторно? Планот „романтична вечера со свеќи“ пропадна? „Не ме прашувај. Не само што не успеа, туку и се скаравме. Ако можевме барем да се караме, да викаме еден по друг и да се смириме потоа, мислам дека би се чувствувала подобро.

Повеќе не правам ништо. Доста ми е. Колку повеќе се трудам, полошо станува. Очигледно, јас не сум баш способна жена. „Чекај, она што штотуку го кажа, кое никогаш не си го помислила ниту во сон, не сакам повеќе да слушнам дека си неспособна жена“, ми рече Соња.

„Мојот сопруг веќе нема интерес за мене. Како домаќинка, сè уште можам да служам, како мајка, но како сопруга, љубо-вница, партнерка, пријателка, не.“ „Како прво, престани да имаш такво мислење за себе“, ми рече таа.

Затоа што ако мислиш така за себе и другите нема да мислат поинаку. Сите бракови и врски паѓаат во криза, но тоа може да се поправи. Мора смислиме нешто.

Тоа е она што се плашев од размислувањето на Соња. Ако некој има жива фантазија, тоа е таа. Родена е како организатор и водач. Знаев дека мојата ситуација нема да и даде мир. Покрај тоа, ова беше предизвик за неа.

За разлика од неа, јас се смирив. Всушност, почнав да ги прифаќам работите како што беа. Не ми беше лесно да бидам осамена во бракот, но се тешев што не сум исклучок. Колку повеќе ги испрашував жените околу мене, толку повеќе сфаќав дека тоа е речиси правило.

Страстите ќе згаснат со време. Ако остане пријателството, жените можат да кажат дека имаат среќа. Не можев да се жалам на односот на Даниел кон мене. Тој не беше груб или аг-ресивен, а камоли наси-лен. Тој едноставно беше незаинтересиран за мене како жена и требаше да се помирам со тоа. Според мене, но не и според Соња.

„Лу-да си, Радмила, за што зборуваш?! Можеби изгледаш малку запоставено, но не заборавај дека ти беше жена по која се вртеа мажите во ноќните клубови.“ Соња ми закажа третмани на козметичар, фризер, масерка, педикир, маникир и којзнае што уште.

Отидов спроти мојата волја. Се чинеше како попусто трошење пари. Па, за што по ѓа-волите ми треба маникир? Да ги сликам ноктите? Зар јас тоа не го знам? Ако тоа беше некој вид уметност, некој би студирал на колеџ, а не да завршува на курсеви. Со некои работи, менувајќи ја фризурата на пример, бев дури и многу среќна.

Сето тоа беше убаво (и скапо), но не ги даде посакуваните резултати. Даниел сè уште беше во неговиот филм. Ќе дојдеше од работа, ќе си поиграше малку со Ивона, ќе разменеше со мене неколку реченици и ќе седнеше пред неговиот компјутер или телевизор.

Дури почнав да се сомневам дека ме изневерува. Јас дискретно тргнав да ја испитам таа претпоставка и за среќа, не најдов ништо. Хм, да бидам искрена, дури и јас малку се сомневав во таа можност, па ја испитав состојбата малку посериозно. „Не, тоа не е проблемот“, ме убедуваше Соња.

Не знам за што станува збор, но некаде грешев. Даниел беше по-луден по мене кога се запознавме. Соња ми рече дека можеби треба почесто да излегувам. Јас се противев на оваа нејзина одлука, но на крајот ме убеди.

И тогаш започна приказната за Маја. Маја е наш познаник од младите денови. Дури се дружевме некое време, а потоа некако се одалечивме. Таа се забавуваше со момче долго време, но тој никогаш не ја побара за жена.

Маја беше трпелива личност, полна со разбирање. Таа имаше разбирање дури и кога тој и рече дека ја напушта затоа што, ете, се случило да се сретне со некоја друга. Тогаш таа се заклучи во куќата, не излегуваше никаде, падна во деп-ресија и кога веќе се чинеше дека нема што да се стори, таа случајно заталкала со пријателка во клуб.

И случајно таа вечер се најде еден човек во клубот кој седел покрај неа. Тој не беше принц на бел коњ, немал ниту автомобил, но знаел да ги каже вистинските зборови во вистинско време.

Да, понекогаш еден единствен збор што доаѓа во вистинско време вреди повеќе отколку да се зборува во погрешно време. И навистина не ми требаше еден збор, туку неколку реченици што ќе ми ја вратат самодовербата.

Почнав да мислам дека Соња можеби е во право. Па, не е грев да се излезе во ново општество, на ново место, да се сретне со други луѓе. После две недели двоумење, се согласив да излезам.

Не морав многу да му објаснам на Даниел каде, со кого или зошто излегувам. Тој воопшто не се грижеше. Тој не ја забележа новата фризура, шминка или облека. Тој забележа дека утревечер излегувам и тоа е тоа. Дури ми се чинеше дека е среќен што не му дишев околу вратот додека седеше пред екранот.

Врнеше кога стигнав на договореното место. Стоев некое време и погледнав назад, во надеж дека ќе ја видам Соња како доаѓа. Наместо тоа, пристигна само СМС: Извини што доцнам, нарачај за пиење и ќе дојдам за еден час.

Не бев воодушевена од идејата да одам сама во барот и да ја чекам таму, но што да правам. Соња не е од оние луѓе кои доцнат без причина. Влегов во барот. Затемнети светла, музика, луѓе.. Сето тоа ми беше туѓо. Јас дури и не знаев што да порачам.

Седев сама во барот и ја чекав Соња. Ненадејно зад мене некој ми рече нешто, а гласот беше толку познат. Тоа беше Даниел. Се поигравме малку и како да бевме на нашиот прв состанок, тој ми се претстави и седна покрај мене.

Разговаравме неколку часа и потоа отидовме дома. Ова беше скроениот план на Соња која останала да ја чува Ивона, а со Даниел разговарала и тој веднаш дотрчал во барот.

Кога стигнавме дома, Соња ми кажа дека Ивона цело време спиела и таа веднаш си замина. Пред да си замине тивко ми се доближи и ми се извини што се замешала во мојот однос со маж ми, но јас бев толку пресреќна бидејќи таа ми го спаси бракот.

Таа вечер повторно го најдовме патот еден кон друг со Даниел. Даниел со многу жалење ми раскажа за проблемите што го притискале во последните месеци. Било криза на работа, тој се плашел дека компанијата ќе пропадне, дека ќе ја изгуби работата и не сакал да ме оптеретува со своите грижи.

И му кажав за моите стра-вови, тагата, разочарувањето. Потоа си ветивме еден на друг никогаш повеќе да не ги криеме чувствата, грижите, страво-вите. Па, вистинска љубов значи и споделување грди, не само убави работи, нели? / Текстот за НМД.мк го обработи Мартина Христовска