Лимонот е вистинско злато од природата, богат извор на витамин Ц и одлично средство за детоксификација на организмот! Но што се случува во организмот кога ќе испиеме комбинација од лимонада и лековито чиа семе?

Чиа семето е познато како семе на здравјето, бидејќи на телото му ја враќа силата и го јакне имунитетот.

Меѓутоа, едно од најважните негови дејства е тоа што го забрзуваат метаболизмот и помагаат во елиминацијата на вишокот килограми. Чиа семето е пребогато со омега 3 киселини, а идеални се за сите оние кои сакаат да се хранат здраво, бидејќи не содржат глутен.

Овој напиток се нарекува енергетска бомба, бидејќи вашето тело само после чаша ќе почувствува бран од енергија и сила, додека токсините постепено ќе исчезнуваат од организмот.

Потребни состојки:

1 шолја вода

1 исцеден лимон

1 лажичка јаворов сируп (може и мед)

1 лажичка чиа семе

Постапка:

Сите состојки измешајте ги оставете ги да отстојат во чаша 10-тина минути. Потоа слободно препуштете се на уживањето во овој природно енергетски напиток!