Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ

Стар рецепт за превкусен колач. Многу едноставно се приготвува, па затоа често го правиме.

Потребни состојки:

6 белки
200 г шеќер
3 лажици брашно
200 г мелени ореви

За фил:

6 жолчки
200 г шеќер
100 г чоколадо
125 г путер
за декорација: мелени ореви и бадемови снегулки

Постапка:

Пенасто изматете 6 белки, па постепено додадете 200 г шеќер. Матете со миксерот додека да добиете цврст и сјаен снег од белки.

Со лажица внимателно додадете ги брашното и мелените ореви. Промешајте полека за да остане смесата воздушеста. Рамномерно нанесете на плех обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени.

За фил: изматете 6 жолчки, па постепено додадете 200 г шеќер. Матете додека смесата да побели и згусне, а потоа кремот сварете го на пареа.

Во топлиот крем додадете чоколадо искршено на коцки и путер исечкан на листови. Матете додека да се изедначи. Оставете на страна да излади.

Испечената и изладена кора премачкајте ја со изладениот крем, а одозгора наросете мелени ореви и бадеми. Сечете на штангли и уживајте во вкусот.

Фото и рецепт: Иванка Цизмиќ