РАК

Оваа недела очекувајте пари, благодарение на вашите напори, работа, семејни врски, од судска/правна институција или од лице во знакот на Близнаци, Вага, Водолија.

Ќе има поволен развој на судски/правен случај од финансиска природа. Ќе следите и ќе го очекувате развојот на настаните во животот на некој ваш пријател.

Очекувајте исполнување на ветување што ви е дадена од лице во знакот на Лав, Овен или Стрелец. Активностите на момче или млад човек може да ви предизвикаат одредена штета/загуба и слично поврзана со мала количина пари. Внимавајте на вашиот паричник на јавни места.

ЛАВ

Оваа недела може да ве израдува со добивка на пари, финансиски документи (вклучувајќи кредит). Во некои случаи може да добиете пари од лице во знакот на Близнаци, Вага или Водолија. Неповолни вести или настан поврзан со жена/и. Разделба од жена може да се случи поради неможноста или поради одредени околности вашата врска да продолжи и во иднина.

Оваа недела најверојатно ќе откриете нешто неочекувано, ќе дознаете за илузија или измама со која сте живееле неодамна, а којашто може да влијае врз вашиот личен или професионален живот. Сам по себе, овој настан не носи загуба, но емотивно ќе треба да се справите со нешто што носи тешки емоции.

ДЕВИЦА

Ова ќе биде поволна недела за напредок или завршувањето на обврски поврзани со наследување, имот на родителите, пензии и други. Ќе имате причина да се радувате поради постапки, состанок или договор со жена од која може да добиете пари или други материјални бенефиции оваа недела.

Жените-Девица ги чека пријатно изненадување, награда или профит. Оваа недела ќе биде многу потешка за оние од вас кои од некоја причина се раздвоени од децата. Ќе се појават емотивни моменти на депресија, тага, осаменост. Неделава може да ве фрустрира поради лоши вести поврзани со личност во знакот на Рак, Шкорпија или Риби.

ВАГА

Оваа недела ќе имате средба со лица во знакот на Девица, Јарец или Бик, којашто ќе ви помогне да решите некое недоразбирање, непријатност или проблем. Веројатно некои луѓе ќе ве бараат и поради нивни сериозни проблеми. Вие сте оној кој ќе биде во можност да им даде некаква помош или совет.

Пријатно изненадување во вид на пари, награда, подарок или документ за сопственост или право на имот/стока. Во однос на материјалниот аспект, пред вас е изненадување во позитивна смисла.

Обрнете внимание на вашите односи со жена која не ви е роднина, но со која сеуште имате контакти. Нејзината итрина и лицемерие биле причина за ваша загуба неодамна. Всушност, сега тоа ќе го дознаете.