Home Здравје Честото работење на компјутерската тастатура може да предизвика цисти на зглобовите од...

Честото работење на компјутерската тастатура може да предизвика цисти на зглобовите од рацете

Честопати не обраќаме доволно внимание на отоците кои незабележително се појавуваат на зглобовите и прстите. Без разлика дали ви отекол прст или зглоб на раката, тоа секогаш го припишуваме на некоја повреда или преоптеретување, но овие појави може да бидат знак и за здравствени проблеми.

Кога станува збор за отечени зглобови на рацете – во прашање е ганглион. Хигром или ганглион може да се појави на различни места од шаката. Станува збор за бенигна циста исполнета со течност. Цистите може да бидат со различна величина, а може да останат исти и со години. Добрата вест е дека цистата е бенигна и дека нема никакви шанси да се развие во тумор.

Склоноста може да биде наследна, а може да биде и последица од повреда или од истегнување на мускулот. Ризична категорија се лица кои веќе имаат проблеми со зглобовите, а многу се посклони жените. Цистата може да се појави и поради типкање на тастатура, па затоа на поголем ризик се изложени сите оние кои работниот ден им поминува на компјутер.