Какво е влијанието на куркумата врз нивото на шеќер во крвта?

Луѓето со дијабетес тип 2 произведуваат инсулин, но не се во можност да го користат. Со текот на времето, високото ниво на шеќер во крвта може негативно да делува на секој орган. Поради тоа потребно е секојдневно да се води грижа за нивото на шеќер во крвта. Мора да се пронајде начин за негово нормализирање.

Слушав многу пациенти како на разни начини се снаоѓаат и користат разни природни средства со чија помош можат да влијаат врз нивото на шеќерот. Во продолжение на текстот може да прочитате како делува куркумата кога се користи како лек.

Куркума како лек

Куркумата во последно време се повеќе се спомнува како билка со големи можности за лекување на разни заболувања:

-јакнење на дигестијата

-обновување на цревната флора-намалување на подуеноста

-чистење на црниот дроб и жолното кесе

-нормализирање на менструацијата

-намалување на воспалението при артритис

-чистење на крвта

-стимулирање на работата на метаболизмот

-кожни проблеми

-тегоби со дишните патишта

-против габички и бактерии

-против цревни паразити

Резултати од истражувањето

Истражувачите од Медицинскиот Универзитет Харбин и Кинескиот Центар за контрола и превенција на болестите додале уште едно корисно својство на куркумата.

Тие утврдиле дека куркумата може да го нормализира нивото на шеќер во крвта кај пациентите со дијабетес тип 2.
Нивниот тим ја проценил способноста на куркуминоидите дека го намалуваат нивото на слободните масни киселини кај пациентите со оваа болест (куркуминоидите го вклучуваат куркуминот и неговите екстракти).

Слободните масни киселини имаат важна улога во развојот на отпорноста на инсулинот. Ако со консумирање на куркума може да се намали нивото на овие киселини, можно е да се намали и ризикот од развој на дијабетес тип 2 или подобро да се држи под контрола.

Истражувачите одбрале 100 пациенти кои добивале или 300 мл куркуминоиди или плацебо во период од три месеци. На крајот од тромесечниот период, пациентите кои консумирале куркумин и негови екстракти успеале да го намалат нивото на глукоза во крвта, нивото на хемоглобин А1с, отпорноста на инсулин и нивото на слободни масни киселини. Истражувачите истакнуваат дека количината на куркуминоидите потребни за корисно дејство не можат да се внесат преку исхрана.

Советуваат консумирање на додатоци во исхраната кај лица кои боледуваат од дијабетес тип 2 и сакаат да го подобрат нивото на шеќерот во крвта. Сето тоа треба да се направи со претходна консултација со лекар.

Иако се’ уште не е до крај разјаснето како куркуминот точно делува во спречувањето на дијабетесот, фактот е дека учесниците во испитувањето што го консумирале не развиле дијабетес.

Лицата кои земале куркумин во текот на 9 месеци изгубиле и на тежина, како и на обем на струкот, што е многу важно, бидејќи дијабетесот тип 2 е во тесна поврзаност со дебелината.

За разлика од нив, оние кои не консумирале куркума – не покажале никакви знаци за губење на тежина, а тоа е само уште една причина да посегнете по куркумата, кари и било кој друг облик на куркума.

Куркуминот исто така има и противвоспалително дејство и помага во борбата против многу болести, не само дијабетес.

Уште една многу важна работа поврзана со дијабетес тип 2

Сомлак Чуенгсамарн, докторот кој учествувал во оваа студија, нагласува дека лицата кои имаат зголемен ризик од дијабетес под итно треба да започнат со вежбање. Физичката активност е многу важна за превенција од оваа болест. Познато е дека било каква активност која што ја обавува организмот доведува до неминовно согорување токму на шеќерот.