Листовите помагаат при висока телесна температура, болести на усната шуплина, кај лошо варење на храната, проблеми со дишењето, треска, висок кр-вен притисок, камен во бубрег

За чај од свежи листови: наберете убави зелени и здрави листови од јоргован. Измијте ги убаво со ладна вода, па оставете ги малку да се исцедат. Зовријте ја водата, па додајте ги листовите. оставете да се вари додека водата да добие жолтеникаво – темно зелена боја. Треба да врие околу 15 до 20 минути, никако повеќе.

Овој чај е одличен во терапијата на грозница, висока телесна температура, разни б олки, дијареа, ревматски заболувања. Исто така, се користи и во козметичката индустрија за производство на разни парфимирани производи, како и во ароматерапијата.

Овој чај се користи во традиционалната медицина за третирање на кожни осипи и други кожни проблеми, во вид на облоги натопени во сварен и изладен чај од листовите на јоргованот. Чајот се користи и за пролетно прочистување на целиот организам како и за превенција од разни болести.

Не само што неговиот мирис е божествен, јоргованот е одамна познат како многу лековито растение. Во народната медицина се користат цветот, листовите, кората и семето.

На пример, листовите помагаат при треска, болести на усната шуплина, лоша дигестија, проблеми со респираторниот систем, треска, висок кр-вен притисок, камен во бубрег …

Цветовите на јоргованот се одлични за лекување на кожни болести и закрепнување на кожата. На пример, тие помагаат при осип, изго-реници, посе-котини, акни итн. Тие исто така ублажуваат кашлица, бронхитис, надуеност, проблеми со очите (кај глауком), ја ублажуваат б олката при ревматизам …

За треска или дигестивни проблеми, може да се пие чај направен од сув цвет.

Екстрактот од јоргованот се користи и во козметичката индустрија за нега на чувствителна кожа и отстранување на црвенило.

Кората на јоргованот се собира во рана пролет или наесен по созревањето на плодовите. Исечкајте ја и исушете ја добро на проветно место. Се користи како чај. Ставете лажичка сува и иситнета кора и во чаша со вода и се остава да отстои два часа. После тоа, се става на оган и после 2-3 минути вриење се остава поклопено уште еден час. Се пие до две чаши на ден.

Масло за ревма

Потребни состојки: една рака сув цвет од јоргован, еден литар маслиново масло

Постапка: ставете го цветот во голема тегла, прелијте го врз него маслото и добро затворете. Чувајте ја теглата на сончево место 15 дена. Повремено протресете. Потоа процедете го маслото и складирајте го во шише со темно стакло.

Со него масирајте б олни места три пати на ден. Чувајте го маслото на темно место и за да се осигурате дека нема да ви оксидира, завиткајте го во алуминиумска фолија. Ефектот ќе биде подобар ако покрај масажата пиете и чај од ѓумбир. Може да се мачка и на стомакот за третирање на стомачни проблеми.

Ги брка з лите ду-хови и ја симболизира љубовта

Уште од древни времиња, јоргованот се користел за чистење на куќата од з ли ду-хови, заштита од маги-и, за благослов, повикување позитивна енергија … Јоргованот е симбол на радост и живот.

Виолетовиот јоргован ја симболизира првата љубов, а белата – младешката невиност. Според една стара легенда, виолетовиот јоргован побелел откако некој го оставил на гро-бот на една млада девојка која се у-била поради љубов.

SYRINGA VULGARIS L. – ЈОРГОВАН. Народни имиња: арган, син јоргован.ФАМИЛИЈА: Oleaceae. ОПИС:

Јоргованот е дрво високо и до б метра. Листовите се јајцевидни, кон врвот заострени, на рабовите се цели и co лисна дршка. Цветовите се хермафродитни, по боја виолетови, розови, бели или црвени собрани во сложени гроздовидни соцветија co пријатна миризба.

Плодот е топчест co светлокафеава боја и има 2 семки. Јоргованот како дрво самоник поретко се среќава. Најмногу го има како украсно растение по домашни дворови и паркови. BPEME HA ЦВЕТАЊЕ: од април до мај.

СОБИРАЊЕ: од јоргованот се собира цветот и листот во време на цветање во убаво и сончево време. Цветовите се сушат во сенка или во сушилница на 35 °Ц, а листот при 45 °Ц. Цветовите се чуваат 1 година, а листовите 2 години.

ХЕМИСКИ СОСТАВ: цветот содржи етерично масло, гликозид сирингин, сирингопикрин, форнезол, органски киселини и др. Листот содржи гликозид сирингин, витамин Ц и други неиспитани соединенија.

Употреба: јоргованот ја намалува температурата и ја стимулира секрецијата на желудникот, a co тоа се подборува варењето на храната. Лековитото дејство се должи на присуството на горчливите материи од гликозиден тип и на алифатичен сесквитерпен форнезол, како и на присуството на аскорбинска киселина/ витамин Ц.

Се препорачува и како средство за зголемување на апетитот и регулирање на мен-струацијата. Чајната напивка се приготвува на следниот начин: 1 супена лажица од листот или од цветот се залева со 500 мл. зовриена вода и се остава да кисне 1 час. Се пие по една чајна шолја пред јадење неколку пати на ден.

ПРОТИВ ОТОЦИ НА НОЗЕ

Потребни состојкки: 50 грама иситнет цвет од виолетов јоргован, 50 г лист од бршлен, 50 г цвет од див костен и 1 литар маслиново масло. Постапка: сите состојки ставете ги во стаклена тегла или шише, затворете и оставете во топла соба 30 дена, со повремено протресување.

ПОДОБРУВАЊЕ НА ВАРЕЊЕТО

Пола грст цветови од јоргован прелијте со 1 литар зовриена вода, оставете поклопено 1 час, потоа процедете, засладете и пијте 2 до 3 шолјички дневно.

НАМАЛУВАЊЕ НА ВИСОКА ТЕМПЕРАТУРА

Пола грст сув лис од јоргован прелијте со 1 литар зовриена вода, оставете поклопено 1 час, потоа процедете и пијте 2 до 3 шолјички дневно. 15 до 20 грама плод од јоргован, прелијте со 1 литар зовриена вода, проварете 2-3 минути, оставете да отстои 30 минути, а потоа процедете и пијте по 2 шолјички дневно.

ПРОТИВ ПРЕМОРЕНОСТ – ОТРПНАТОСТ НА НОЗЕ И РАЦЕ

Измешајте по 5 лажици исечкан цвет од јоргован и лист од бел јасен, ставете во 1 литар лута комова ракија, затворете го шишето и оставете на топло 20 дена со повремено протресување. Потоа процедете и масирајте ги рацете и нозете трипати дневно по 10 минути, по што треба да ги завиткате со волнени крпи и така да мирувате 1 час.

Маслото од јоргован помага при реуми – рецепт

Земете една рака цветови од јоргован и еден литар маслиново масло. Сувите цветови од јоргованот ставете ги во стаклена тегла и добро затворете ја. Откако ќе отстои на сончево место 15 дена, со повремено протресување, процедете го маслото низ газа и префрлете го во темно шише. Ова масло треба да се чува на темно место.

Б олните места мачкајте ги со масло трипати дневно, а покрај тоа треба да испиете чај од ѓумбир и секако билки од кои ќе бидете повесели и поподвижни.

Јоргован против костобол и таложење на соли

Цветовите од јоргованот се ставаат растресено во полулитарско шише, а потоа се преливаат со 40% ал-кохол. Шишето се остава 21 ден на темно место, па се процедува. Се пие по 30 капки трипати дневно пред јадење. Времето на лекување е 3 месеци. Оваа иста тинктура се втрива во б олните места и се прават облоги. Се користи кај б олки во коските и при таложење на соли.