Јоргованот е едно од најпрепознатливите пролетни цвеќиња, но можеби не знаевте дека има бројни лековити својства во неговите цвеќиња, лисја и стебло. Јоргованот е многу популарна билка во хомеопатијата и често се користи за лекување на ревматски заболувања, особено невралгија. Исто така е корисно за лекување на дигестивни проблеми, како што е дијареата.

Листовите се користат за лекување на треска и болести на устата кај деца, проблеми со црниот дроб, проблеми со дигестивниот систем односно цревата (лошо варење и лошо движење на дебелото црево), респираторни проблеми (кашлица, бронхитис), треска, бубрежни камења, висок кр-вен притисок..

Цветовите се користат за лекување на кожни болести како што се осип, изго-реници (лисјата се готват додека водата да потемни, па чајот се користи за облоги), рани, греб-натини и разни нечистотии на кожата, особено за нега на лице, запек и подуеност, проблеми со очите (глауком – облога на очите).

Цветното масло од јоргован е познато како народен лек за масажа и третман на ревматизам. Во ароматерапијата се користи за воспоставување на емоционална и духовна рамнотежа и за зајакнување на сензитивноста и при лекување на деп-ресија.

Јоргован (Syringa Vulgaris) цвета од април до мај. Поради неговиот посебен изглед, често се наоѓа во дворовите во пролетниот период, а неговиот опоен мирис се чувствува уште од далеку. Јоргованот расте на падини и во листопадни шуми.

Се смета дека потекнува од нашата област, односно од Балканскиот полуостров. Освен што има посебен мирис, поради што се користи многу години во индустријата за правење на парфеми, јоргованот има посебно место и во народната медицина.

Според голем број фитотерапевти, кората на растението е прилично лековита. Кората успешно ги елиминира симптомите на треска придружена со треперење и висока температура. Јоргованот дури се покажал како ефикасен во лекувањето на посериозни болести како што е маларијата. Добро е во лекување на ревматизам и обновување на клетките на црниот дроб.

Кората и цветот се берат. Кората на јоргованот, надворешниот дел cortex fructus siringae), содржи состојки кои лекуваат маларија. Кората на дрвото се бере во рана пролет или наесен по зреењето на плодовите. Се поставува на крпи и се остава да се суши на отворено место.

Јоргованот содржи сирингин, танин, горчливи материи, есенцијални масла, минерали.. Западната народна медицина користи јоргован како антипиретик, антихелминт, тоник; за плакнење на устата, отстранување на паразити во цревата, при високи температури.

Не само што неговиот мирис е божествен, јоргованот е одамна познат како многу лековито растение. Во народната медицина се користат цветовите, листовите, кората и семето. На пример, лисјата помагаат при треска, болести на усната шуплина, проблеми со варење на храната, проблеми со респираторниот систем, треска, висок кр-вен притисок, камен во бубрег..

За треска или дигестивни проблеми, пијте чај направен од листовите на јоргованот. Екстрактот од јоргованот се користи и во козметичката индустрија за нега на чувствителна кожа и отстранување на црвенило.

Рецепт за млеко со цветови јоргован за кожни проблеми

Потребни состојки: неколку цветови јоргован, 230 – 300 мл млеко.

Постапка: Наберете ги цветовите јоргован и добро измијте ги под млаз ладна вода. Одлично би било да ги оставите некое време да отстојат во водата бидејќи е потребно некое време да се прочистат од нечистотиите.

Млекото ставете го во тенџере и во него додајте ги цветовите јоргован. Оставете млекото да се готви, а по 15 минути, процедете го и складирајте ја течноста во стаклено шише. Користете така што на облога ќе ставите од лековитото млеко, а облогата ќе ја ставите директно на кожата.

Доколку консумирате сурови цветови јоргован треба да бидете внимателни во дозирањето. Претерано консумирање на овие цветови може да предизвика стомачни тегоби.

Чај од листови од јоргован – рецепт

Потребни состојки: неколку листови од јоргован, 200 мл вода.

Постапка: Зовријте ја водата, а листовите од јоргован добро измијте ги под млаз ладна вода исто како и цветовите. По зовривањето, додајте ги листовите и варете го чајот не повеќе од 15 минути.

Потоа процедете низ газа. Чајот може да го користите како облога, исто како млекото подготвено од цветовите на јоргован, но може да го пиете и во умерени количини, по желба засладен со мед.

Масло од јоргован за ревматизам

Потребни состојки: грст суви цветови јоргован, еден литар маслиново масло.

Постапка: Ставете го цвеќето во голема тегла, истурете го маслото и добро затворете го. Чувајте го на сонце 15 дена. Повремено протресувајте ја теглата. По изминатото време процедете и прелијте го маслото во шише со темно стакло.

Со него масирајте се на болните места трипати на ден. Чувајте го маслото на темно и суво место. Ефектот ќе биде подобар ако пиете чај од ѓумбир додека се масирате со маслото.

Од античко време, јоргованите цвеќиња се користеле за чистење на куќата од зл-и ду-хови, заштита од магии, негативна енергија и повикување позитивна енергија.. Јоргованот е симбол на радост и живот.

Виолетовата-јоргован боја ја симболизира првата љубов, а белата – младешката невиност. Според една стара легенда, пурпурниот јоргован станал бел откако некој го оставил на гро-бот на една млада девојка која се у била заради љубов.

Не заборавајте некому да подарите цвет од јоргован и да го засадите во градината или на балконот. Нема некој кој не се израдувал на овој цвет. Опојниот мирис го подобрува расположението, а нежната виолетова боја е лек за очите. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска