А освен што е вкусен, многу брзо се приготвува.

Потребни состојки:

3 јајца
2 лажици шеќер
3 лажици брашно
3 лажици масло
3 лажици рогач
2 лажици какао
1 ванилин шеќер
½ прашок за печиво

Постапка:

Изматете ги белките со шеќерот во цврст снег, па потоа постепено една по друга додавајте ги жолчките непрестајно мешајќи. На крај додадете го маслото и промешајте.

Сувите состојки измешајте ги во посебен сад, па со лажица постепено додавајте во смесата од јајца и лесно со лажица промешајте за да се изедначи.

Добиената смеса излејте ја во намастен и набрашнет плех со средна величина и печете во загреана рерна на 180-200 степени, околу 10-15 минути или додека се испече кората (проверете со чепкалка)

За крем:

2 пудинг креми
700 мл слатка павлака
1 желатин, по желба за поцврст крем
100 г чоколадо по желба (јас ставам сечкани рум плочки)

Постапка:

Сварете го пудингот според упатството на кесичката, но ставете помалку млеко ако сакате кремот да ви биде погуст. Исто така, шеќер додадете по сопствен вкус.

На страна изматете 700 мл слатка павлака за шлаг. Кога пудингот целосно ќе излади, соединете го со шлагот. За поголема цврстина, во кремот можете да додадете 1 шлагфикс или желатин, но јас ретко го користам.

За збогатување на вкусот исечкајте ситно 100 г чоколадо по желба, а јас обично користам рум штангли. Готовиот крем нанесете го врз изладената кора.

За глазура:

На пареа растопете 100 г чоколадо со малку масло и слатка павлака, па рамномерно нанесете врз колачот. За декорација користев карамел-бонбони и рендано чоколадо.