Оваа сторија и рецептот беа објавени во хрватските медиуми: “Кога сите лекови за дијабетес не помогнаа, се свртевме кон народните лекови. Мојот сопруг има дијабетес тип 2. Во текот на 23 јуни 2002 година, му беше ампутиран прстот на левата нога, а потоа и ногата до над колено. Ногата ја изгуби поради дијабетесот.

Ги користеше сите лекови кои му беа препишани. Но, кога започна и другата нога да му отекува, станавме очајни. Потоа прочитавме во едно списание и се обидовме со овој народен лек: -Прво отечената нога му ја премачкав со мед, а потоа издробив 4 таблети аспирин и тој прав го втрив на ногата преку медот.

Потоа набрав листови од чичок, ги свртев наопаку и со нив ја завиткав ногата, а преку нив фиксирав со марама. Ова го повторував двапати дневно. После пет процедури отокот спадна. Продолжив секоја вечер да му ја обложувам ногата на овој начин и така преспиваше.

Исушив листови од чичок за да има доволно и за преку зима. А потоа, малку над вода во попарував и така “освежени” ги ставав врз ногата во текот на зимските денови. Во исто време му варев и чај од чичок:

1 лажица сув корен од чичок се прелива со половина чаша врела вода, се остава некое време да отстои, па се процедува. Му давав да пие 15 минути пред оброк. Шеќерот му падна од 12 на 6,3. ЧИЧОК ЗА ЛЕКУВАЊЕ НА ДИЈАБЕТЕС – Во народната медицина е познато дека коренот од чичок лекува дијабетес.

Експериментално е докажано дека чајот од чичок го зголемува нивото на гликоген во црниот дроб, стимулира формирање на ензими и го подобрува производството на инсулин во панкреасот. Истражувањето на украинскиот научник С.Томлина покажало дека коренот од чичок дава одлични резултати во лекувањето на дијабетес.

Потребни состојки: корен од чичок, грав, лист од боровинки, лист од орев и 1 литар вода. Постапка: Земете 4 лажици корен од чичок, 4 лажици грав, 4 лажици сув лист од боровинка, 4 лажици сув лист од орев. Состојките прелијте ги со еден литар ладна вода.

Оставете поклопено да отстои 12 часа. Потоа ставете на оган да зоврие. По 5 минути вриење, тргнете го садот од рингла и оставете да се лади еден час. Процедете и пијте по ¾ шолја, 5 пати дневно и тоа еден час после оброк.

Голем број луѓе чичокот го користат во исхраната бидејќи се свесни за неговото благородно дејство. Оризот со листови од чичок по стар Јапонски рецепт: 300 г, свеж лист од чичок, 80 г кромид, 50 г ориз, путер, 1 литар вода, сол, зачини по вкус.

Постапка: Кога водата ќе зоврие додадете ориз и варете го додека сосем да омекне. Во меѓувреме пропржете кромид на путер, па додадете свеж лист од чичок. Кога ќе се запржи додадете го оризот и убаво зачинете по вкус. Гответе уште 2-3 минути, а после 15 минути можете да го послужите јадењето. Во Француската кујна чичокот се користи во повеќето јадења.

Салата од чичок која се сервира на дијабетичари: 100 г корен од чичок, 50 г младо кромитче, 30 г корен од рен, 20 г млади листови од рибизла, 20 г француски сенф, 50 г павлака и сол по вкус

Постапка: Коренот од чичок се вари во врела вода од 5 до 7 минути, потоа фино се сечка, па се додава павлака и сенф, како и останатите состојки. Убаво се промешува и се сервира. Оваа салата одлично одговара со динстано телешко месо.