Оние кои што се по брзите и едноставни рецепти, тогаш со сигурност го знаат најбрзиот колач кој го носи истото име – брзи гонзалес. Ова е колачот од нашето детство, кој секогаш нѐ навраќа во убавите времиња. Покрај тоа што се подготвува брзо, останува долго свеж, но реткост е да остане нешто од него.




Во продолжение може да го прочитате рецептот на Радица Китевска која на својот профил „radishas_diaries“ подготвува најразлични, здрави и многу вкусни специјалитети. „Брзи гонзалес колаче од моето детство. Верувам дека сите пораснавме со ова вкусно колаче кое носи со себе илјада спомени за едно безгрижно детство…“

ПРВ РЕЦЕПТ




Во продолжение може да го прочитате рецептот на Радица за брзи гонзалес, колач кој многу потсетува на познатите, старински чупавци, кои веројатно во секој крај од земјата се нарекуваат различно. Во продолжение ви нудиме уште еден рецепт за брзи гонзалес. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 3 јајца, 12 лажици шеќер, 1 кесичка ванилин  шеќер, 1 шолја масло, 1 шолја млеко, 15 лажици брашно, 1 прашок за печење, 100 г кокос. За прелив: 15 лажици вода, 15 лажици шеќер, 3 лажици какао, 1/4 коцка маргарин, 1 ванилин шеќер, 1 чоколадо за готвење.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 1 чаша јогурт, 1 чаша млеко, 1 чаша масло, 2 чаши шеќер, 1 чаша кокос, 2 чаши брашно, 1 кесичка ванилин шеќер и 1 кесичка прашок за печиво. За глазура: 200 г чоколадо и 3 лажици масло.

ВТОР РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Јајцата и шеќерот убаво се матат со миксер, додека да се добие хомогена смеса. Кога шеќерот ќе се растопи, а јајцата ќе станат пенасти постепено се додава млекото, маслото, брашното и прашокот за печење и на крај кокосот. Целата смеса се изедначува во еднолична смеса без грутчиња.




Смесата се излева во плех, обложен со хартија за печење (величина стандардна) и се пече во рерна на 180 степени, околу 20 минути. Во меѓувреме се подготвува преливот. Во огноотпорен сад се ставаат сите состојки за преливот и на умерен оган со повремено мешање се рестопуваат и убаво се измешуваат. Смесата не смее да проврие.




Кога малку ќе подолади пандишпанот се сече на парчиња (со големина по ваша желба) и потоа се прелива со преливот. Преливот треба убаво да навлезе во деловите на колачињата, за да станат сочни, затоа се препорачува некое време да отстојат пред да се послужат. Деталите за рецептот погледнете ги ОВДЕ, а во продолжение прочитајте ја постапката за вториот рецепт за брзи гонзалес.

ПРВ РЕЦЕПТ




ПОСТАПКА ЗА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во подлабок сад ставете една чаша густ јогурт на собна температура, додајте една чаша млеко и една чаша масло. Сите состојки се мерат со иста чаша.

ВТОР РЕЦЕПТ

Промешајте ги течните состојки, па додајте две чаши шеќер и една кесичка ванилин шеќер, па добро промешајте за да се растопи шеќерот. Не ви е потребен миксер, доволно е да се промеша со лажица, околу 1-2 минути.




Потоа додајте една чаша кокос, промешајте, па додајте две чаши брашно и една кесичка прашок за печиво. Добро промешајте за да се изедначат состојките и да добиете хомогена смеса.




Добиената смеса излејте ја во плех со средна величина, претходно добро намастен. Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени, околу 20-25 минути. Печениот колач оставете малку да подизлади, па исечете го на коцки.

Одозгора прелијте го со чоколадна глазура: на тивок оган/ на пареа/микробранова печка растопете го искршеното чоколадо со 3 лажици масло. Постапката од приготвувањето можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ.