Чупавци со чоколаден прелив, меки, сочни кои се топат во уста – рецептот е на баба ми

Кога им реков дома дека сакам да направам чупавци, сите ми рекоа дека ги сакаат оние на баба.

Потребни состојки:

3 јајца (4 ако се поситни)
15 лажици шеќер
100 мл масло
100 мл млеко
17 лажици брашно
1 прашок за печиво
малку сол

Чоколаден прелив за натопување:

250 г чоколадо за готвење
250 г путер
околу 200-250 мл млеко

и уште:

Loading...

300 г кокос за валкање

Постапка:

Рерната загрејте на 180 степени. Одвојте ги белките од жолчките. Од белките изматете цврст снег.

Во друг сад жолчките изматете ги со шеќерот, па додадете го и маслото, млекото, просеаното брашно со прашокот за печиво (малку по малку) и сол.

Рачно додадете го снегот од белки и внимателно промешајте со лажица да остане смесата воздушеста.

Плех со димензии 30х30 см обложете го со хартија за печење, па во него рамномерно распоредете ја смесата.

Ставете да се пече во загреаната рерна околу 15-20 минути или додека малку да зарумени и чепкалката за проверка да излезе сува.

Печената кора оставете ја да се излади, а потоа исечете ја коцки на пример 5х5 см. На тивок оган ставете го путерот и чоколадото да се растопат, претходно исечени и искршени на коцки.

Додадете млеко, но не одеднаш, туку постепено додека да добиете редок, но не премногу редок прелив.

Во длабок сад ставете кокос. Коцките од колачот натопувајте ги во чоколадниот прелив од сите страни, исцедете ги и валкајте ги во кокосот, исто така убаво, од сите страни.

Готовите чупавци редете ги на тацна за послужување обложена со хартија и оставете ги да изладат.

Чупавците се меки, сочни и се топат во уста. Погодни се и за замрзнување. Кога ќе ги направите, количината што ќе ја одредите ставете ја во алу-фолија, свиткајте ги чупавците убаво и ставете ги во замрзнувач. Кога ќе ви притребаат, извадете ги и оставете ги на собна температура да се одмрзнат.

Coolinarika.com

Loading...