Ова е најдобрата сладолед торта која се прави од облични состојки, има млечен вкус, освежителна е и многу вкусна.

Ако ви се јаде нешто благо, а немате ништо дома при рака и не ви се излегува до продавница, направете си ја оваа cyпер брза сладолед торта и уживајте во нејзиниот вкус. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 мл млеко, 3 супени лажици шеќер, 3 супени лажици скроб/нишесте/густин, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 300 мл слатка павлака, 100 г шеќер во прав, бисквити по потреба (плазма или некои по ваш избор) и малку млеко за натопување, рендано чоколадо за декорација

ПОСТАПКА: Во млекото додајте шеќер, ванилин шеќер и скроб, па добро промешајте за да нема грутчиња. Ставете да се вари на умерена температура и непрекинато мешајте додека да ја постигне посакуваната густина.

Сварениот крем претурете го во друг сад за полесно да се олади и прекријте го со проѕирна фолија за да не фаќа коричка. Кога ќе се олади на собна температура започнете со подготовка на кремот.

Ладната слатка павлака сипете ја во подлабок сад и изматете ја со миксер додека да добиете шлаг. Ако не ви е доволно слатка, додајте една или две супени лажици шеќер во прав додека ја матите. Оладениот крем пенасто изматете го со миксер.

Половина од шлагот додајте го во кремот, па заедно изматете ги со миксер за да се соединат. Потоа, целата смеса сипете ја во во остатокот од шлагот (втората половина), но овојпат не матите со миксер, туку со лажица или шаптула.

Кремот треба да биде мазен и свиленкаст, но исто така да биде и пенлив, воздушест. Соединете ги двете смеси со бавни движења. Потоа во длабок сад со средна големина на дното наредете бисквити претходно кратко натопувани во млеко.

Врз бисквитите рамномерно распоредете третина од филот, израмнете, па наредете втор ред бисквити, исто така кратко натопувани во млеко. Повторете ја постапката додека да го потрошите материјалот.

Треба да добиете по три реда бисквити и три реда фил. Завршете со фил и одозгора наросете рендано чоколадо. Колачот добро изладете го во фрижидер 5-6 часа пред послужување. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.