Овој колач многу брзо се приготвува, потребни ви се само 10 минути, а не ви се потребни ниту многу садови, ни миксер. Не треба да чекате да се стегне, можете веднаш да го јадете. Верувам дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

600 г плазма кекси (300 г мелени, 300 цели кекси)
600 мл јогурт
80 г шеќер
100 г чоколадо
300 г вишни
100 г шеќер

Постапка:

Во едно тенџере ставете 300 г вишни исчистени од семки и 100 г шеќер. Сварете ги додека шеќерот да се растопи, а сирупот е поредок од оној за слатко.

Во друг поголем сад измешајте 300 г крупно искршени плазма кекси и 300 г мелена плазма. Додадете 600 мл јогурт и промешајте за да се впие и изедначи смесата.

Во смесата промешајте 80 г шеќер. Плех со димензии 22х22 см намстете го со путер или маргарин. Половина од смесата со бисквити распоредете на дното и израмнете.

Половина од “слаткото” со вишни распоредете одозгора, па нанесете ја и втората половина од смесата со бисквити. Убаво израмнете.

Одозгора распоредете ја втората половина од слаткото и прелијте со 100 г растопено чоколадо. Може да декорирате со мелени кекси, шлаг или нешто по ваш избор. Колачот може веднаш да се сече и да се послужи. Деталите околу постапката можете да ги погледнете во видеото: