Здраво на сите. Денес готвиме семеен ручек кој ќе ги освои вашите стомаци на прв залак. Вака приготвениот компир е многу вкусен и крцкав, а пилешкото месо е неверојатно сочно и меко. Изненадете ги вашите најмили со овој рецепт и испробајте нешто ново и многу вкусно.

Потребни состојки: 1 кг компир, 1 лажичка сув зачин (вегета), ½ лажичка црн пипер, 100 г мајонез, 2-3 лажици кечап, 1 лажица сенф, 500 г пилешко месо, 3 лажици масло, 1 главица кромид, ½ лажичка кари во прав, 1 лажичка црвен зачински пипер во прав (црвен пипер)…

Уште ќе ви бидат потребни: 200 г шампињони печурки, ½ лажичка оригано, 4 чешниња лук, 2 јајца, 200 мл млеко и 200 мл вода. Постапка: Компирот измијте го, излупете го и исечкајте го на коцки. Ставете го во тава со средна величина и зачинете по вкус.

Ставете сув зачин, црн пипер, мајонез, 2-3 лажици кечап, една лажичка сенф, па убаво промешајте за да се обложи секое компирче. Вака приготвениот компир во мајонез, кечап и сенф има неверојатен вкус. Ставете да се пече 20 минути во претходно загреана загреана рерна на 200 степени.

За тоа време пригответе го пилешкото месо: на 3 лажици загреано масло пропржете го ситно исечканиот кромид. Посолете го и издинстајте го додека да застакли. Потоа додадете ситно сечкано пилешко месо. Зачинете со кари во прав и црвен пипер во прав.

Промешајте и оставете 2-3 минути да се пропжи месото. Потоа додадете 200 г исечкани печурки и зачинете со оригано. За крај додадете исечкани 4 чешниња лук. Промешајте и оставете да крчка уште 5 минути. Во посебен сад пригответе го преливот:

Две јајца изматете ги со виљушка, па додадете 200 мл млеко и 200 мл вода. Промешајте да се изедначи. Во печениот компир одозгора распоредете го пилешкото месо со печурките, па прелијте со смесата од јајца и млеко. Јадењето вратете го во рерна и допечете го уште 10-тина минути. Деталите погледнете ги во видеото: