Воздушест оревов колач без тесто што се меси
Овој колач е вистинско уживање за сетилата – нежна текстура што се топи во уста, богат вкус на ореви и крцкава коричка што ја прави секој залак незаборавен.
Се подготвува брзо, без комплицирани постапки, а резултатот е совршен десерт за секојдневни или празнични моменти, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки
За тестото:
3 јајца
200 г шеќер
100 мл кисела павлака или цврст јогурт
150 мл путер (истопен)
350 г брашно
1 лажица прашок за печиво (10 г)
150 г ореви
НМД
Смеса за одозгора:
20 г путер
2 лажици шеќер
2 лажици брашно
50 г ореви

Постапка
1. Во сад ставете ги јајцата и шеќерот. Матете со миксер додека да се добие бела и пенаста смеса.
2. Додајте ја павлаката или јогуртот и промешајте.
3. Истопете го путерот и оставете го малку да се олади, па додајте го во смесата.
4. Во посебен сад измешајте го брашното со прашокот за печиво. Постепено додавајте ја оваа сува смеса во течната, мешајќи со шпатула додека да се соединат состојките.
5. На крај додајте ги ситно исечканите ореви и промешајте нежно.
6. Подготвеното тесто префрлете го во намаслен сад за печење со средна големина.
7. За смесата одозгора: во сад измешајте ги путерот, шеќерот, брашното и ситно исечканите ореви додека да се добијат грутчиња. Посипете ја смесата рамномерно врз тестото.
8. Печете во загреана рерна на 150 °C околу 35–40 минути, додека колачот добие златна боја и го помине тестот со чепкалка.
9. Оставете го да се олади пред сечење.
Добар апетит! Постапката погледнете ја во видео прилогот ОВДЕ:












