Home Десерти Брз чоколаден колач со 3 јајца…Кога ни се јаде благо, го замешувам...

Брз чоколаден колач со 3 јајца…Кога ни се јаде благо, го замешувам и печам, за половина час го јадеме жежок…

Брз чоколаден колач со 3 јајца…Кога ни се јаде благо, го замешувам и печам, за половина час го јадеме жежок…Многу е вкусен, а едноставно се приготвува од состојки кои веќе ги имате в кујна…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за калап 20х20 см):

3 лажици какао + 60 мл топла вода
150 г путер
150 г шеќер
3 јајца
175 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка екстракт од ванила

За глазура:
150 г црно чоколадо
120 мл слатка павлака
Се пече 30-35 минути во загреана рерна на 170 степени)

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете го путерот со шеќерот, па додајте ги јајцата и продолжете со миксање. Најпосле додајте го просеаното брашно помешано со прашок за печиво. Измешајте, па додајте екстракт од ванила и растворено какао во вода.

Пенасто изматете со миксер и смесата сипете ја во калап обложен со хартија. Печете половина час во загреана рерна на 170 степени. Колачот залијте го со чоколадна глазура. Постапката погледнете ја ОВДЕ: