БОЖИЌЕН КУГЛОФ СО ЈАБОЛКА: Неодоливо мириса додека се пече, а децата се нестрпливи, дуваат и јадат…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ За тесто, се мери со чаша од 240 мл:

Суви состојки:
2,1/2 чаша сенаменско брашно (325 г)
1 лажица прашок за печиво за колачи (12 г)
1 прстофат сол
1 лажица мешавина од зачини (цимет, мускатно оревче, ѓумбир, каранфилче…)
1,1/2 чаша шеќер (270 г)

Течни состојки:
3 цели јајца
1/2 чаша млеко (120 мл)
3/4 чаша масло (180 мл)
1 лажица есенција од ванила

И уште:
1 чаша суво грозје, бело и црно (150 г)
1 чаша ореви (100 г)
1 ракиена чаша рум (50 мл)
4 јаболка со средна големина

шеќер во прав за посипување (по избор)
димензии на калап за куглоф/тавче за печење: 23 × 7,5 см

ПОСТАПКА:

Во подлабок сад измешајте го сувото грозје со сечканите ореви и залијте ги со рум. Оставете настрана да се маринираат.

Во длабок сад измешајте ги сите наведени суви состојки, а во друг сад измешајте ги сите течни состојки кои треба да бидат на собна температура.

Јаболката исечкјате ги на помали коцки.

Течната смеса сипете ја во мешавината од суви состојки и измешајте додека да добиете хомогена, изедначена смеса без грутчиња.

Потоа додајте ја мешавината од ореви и суво грозје, како и сечканите јаболка, па повторно промешајте додека да се распоредат.

Смесата истурете ја во намастен и набрашнет калап за куглоф, рамномерно распоредете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, 55-60 минути.

Оставете да се олади пред да го превртите од калапот.

Пред послужување по желба посипете го со шеќер во прав. Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ.