Едноставен, а многу вкусен ПОСЕН КОЛАЧ СО МАК И ГРИЗ, мек како сунѓер!

Посен колач со афион, одличен за секој ден, но и за секакви пригоди. одозгора можете да го прелиете со чоколадна глазура или едноставно да го поиспете со шеќер во прав. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):

2 чаши газирана вода
1 чаша гриз
1 чаша брашно
2 чаши шеќер
1/2 чаша масло
100 г семе од афион/мак
1 кесичка прашок за печиво

За глазура:
150 г посно чоколадо за готвење
4 лажици масло

ПОСТАПКА:

Измешајте ги сувите состојки: брашното, прашокот за печиво, гризот, афионот и шеќерот. Додајте масло и газирана вода и сè убаво измешајте.

Обложете хартија за печење во плех од 20×30 cm и истурете ја смесата. Протресете за да се распореди рамномерно.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 25 до 30 минути или проверете со чепкалка.

Чоколадото растопете го со малку масло и прелијте го врз изладениот колач. Сечете на коцки и послужете. На здравје сладење! Деталите од постапката погледнете ги ОВДЕ. Прочитајте го и рецептот за посен колач со афион на Габриела Миленкоска – ОВДЕ.