Од една смеса се добиваат вкупно 120 топчиња со четири различни вкуса, а може и повеќе ако сакате да испробувате други вкусови.

Не се печат, многу брзо се приготвуваат и сите штом ги пробаат се воодушевени од вкусот. Во зависност од состојките што ќе ги одберете, може да се направат и во посна верзија, па одлични се за славската трпеза.

За кратко време сите се изедуваат, па ако ви се чини дека 120 бомбици се многу, верувајте дека не е така. Секој сака да проба некој нов вкус, и додека се свртиш, чинијата се испразнила.

Кој е вашиот омилен вкус? Мој фаворит секогаш е вкусот на печен лешник или ореви, а потоа кокосот. Запишете си го овој рецепт и задолжително испробајте го, нема да се покаете. Пробајте го и новиот јафа вкус, на многумина им е омилен. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1.200 г мелени бисквити (може и посни), 150 г шеќер во прав, 500 г путер или посен маргарин, 30 г ванилин шеќер (3 кесички) или 2 лажици течна арома од ванила, 200 г бело чоколадо (може и посно), 200 мл вода (или млеко)

основна смеса + 100 г кокос + 2 лажици чоколадни трошки

ПОСТАПКА: Ова е голема количина, па за да можете убаво да ја измешате, користете што поголем сад. Во него ставете 1200 г мелени кекси и додајте 150 г шеќер во прав, па промешајте со лажица за да се изедначи смесата.

основна смеса + 50 г сечкани ореви

Во едно тенџере на тивок оган ставете 500 г путер исечкан на помали парчиња за полесно да се растопи. Во него додајте три кесички ванилин шеќер и 200 г бело чоколадо искршено на коцки. Мешајте сè додека сите состојки убаво да се растопат.

Додека е врела смесата од путер и чоколадо, веднаш излејте ја во мешавината од кекси и шеќер, па мешајте со лажица. Постепено ќе се излади, па ќе можете убаво да ја соединете смесата и со раце додека да добиете конзистенција на влажен песок.

Во оваа смеса додајте 200 мл ладна вода. Јас не практикувам да додавам сок во смесата, бидејќи сите бомбици ќе попримат вкус на сокот. Со водата се добива неутрален вкус, а исто така, може да додадете и млеко доколку правите мрсна варијанта.

Добро промешајте со лажица или најдобро со рака. Ова е основната смеса која понатаму можете да ја поделите на онолку делови колку што сакате да добиете различни вкусови. Јас ја поделив на четири дела, за четири вида различни бомбици.

Во едниот дел ставив 100 г кокос и една рака чоколадни трошки (две супени лажици), во втората смеса додадов 50 г ситно сечкани ореви (или лешници), во третата смеса (јафа вкус) изрендана кора од еден портокал и 1 лажицаа какао во прав, а во четвртата додадов 4 ситно исечкани чоколадни бананчиња.

Сите смеси се замесуваат со рака за да се распоредат состојките рамномерно, па се оставаат во фрижидер половина час, колку да се стегнат.

Потоа се прават топчиња со големина по ваша желба (моите беа 20-22 г), па можете да ги оставите какви што се, да ги потопувате во чоколадна глазура и да ги декорирате по сопствен вкус. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.

јафа вкус = основна смеса + рендана кора од портокал + 1 лажица какао во прав
основна смеса + ситно сечкани чоко бананчиња