Здраво драги мои, би ги предлагам овие брзи, едноставни, а многу вкусни кифлички кои се приготвуваат со пиво. Може да се приготвуваат и како топчиња или валјачиња, но овојпат ги приготвив во вид на кифлички, валкани во кокос. Пробајте ги, се надевам дека ќе ви се допаднат.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 55 ПАРЧИЊА: 800 г брашно, 400 мл масло, 200 мл пиво, 1 кесичка прашок за печиво. ЗА СИРУП: 300 г шеќер и 200 мл вода, сок од еден лимон. И УШТЕ: околу 150 лешници, ореви или бадеми, околу 150 г кокос




ПОСТАПКА: За подготовка на тестото потребни ви се само четири состојки и во него не се додава шеќер. Колачите ќе ја добијат блажината од сирупот. Во еден подлабок сад ставете околу 800 г брашно, но сами ќе оцените при замесувањето дали ќе биде потребно да додадете уште малку.




Во брашното додајте една цела кесичка прашок за печиво (10 г), промешајте, па започнете постепено да додавате 400 мл масло. Наизменично додавајте и 200 мл пиво. Може да мешате со лажица или шпатула, но јас веднаш замесувам со рака.




Откако малку по малку, целосно ќе ги додадете пивото и маслото, месете уште некое време додека да стане компактно, а потоа истресете го врз мазна работна површина и доработете го. Ако ви се чини дека тестото е тврдо, тогаш додајте уште малку пиво, а доколку е меко, додајте брашно.




Вака измесеното тесто потребно е да се остави во фрижидер барем половина час за да се стегне и да може убаво да се обликува. Ако не ви се брза, оставете го еден час или подолго време, зошто колку подолго стои во фрижидер, подоцна подобро се формира.




За тоа време сварете го сирупот од 300 г шеќер и 200 мл вода. Откако ќе зоврие, намалете на умерена температура и оставете да се готви 10 минути. Сварениот сируп тргнете го на страна да се лади, а пред крај, кога ќе биде млак, додајте сок од еден лимон и промешајте.




Откако тестото ќе отстои во фрижидер, откинете од него една количина за „прва тура“, а остатокот вратете го назад во фрижидер. Од тестото кинете мали топчиња, па помеѓу дланките формирајте валјаче, па малку подвиткајте го и формирајте „потковици“. Вака приготвените кифлички редете ги во плех обложен со хартија за печење.




Кифличките печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути. Печените кифлички оставете ги неколку минути да се оладат, а за тоа време во една чинија пригответе кокос, во друга мелени лешници или ореви. Шеќерниот сируп исто така, треба да оладен и спремен.




Во сирупот ставете неколку топли кифлички и оставете ги по 10-тина секунди од секоја страна, добро да се натопат, но не премногу. Вадете ги со виљушка и валкајте ги во кокос или мелени јаткасти плодови, по ваша желба. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.