Оваа едноставна вежба за проширени вени помага да се намали притисокот кај отечените нозе. Отекувањето на нозете е предизвикано од акумулација на премногу течност во ткивата, а медицински овие отоци се нарекуваат едеми.




Колку е сериозен овој оток (едем) проверете сами со пpитиcкање на отеченото место со пpcтот – ако вдлабнатината остане повеќе од неколку секунди, време е да се справите со овој проблем.

Причините може да бидат различни: од премногу внесена сол и задршка на течности, до проблеми со срцето и бубрезите. Затоа, причините и лекувањето е најдобро да ги утврдите со вашиот лекар. Но, можете и сами да си помогнете за да ги олесните непријатните тегоби.




Најмалку што можете да направите за себе е да спроведете една кратка вежба – па дури и додека работите, особено доколку мора да стоите или да седите долго време. Многумина ќе речат дека немаат услови за тоа, но само сетете се на старата поговорка „кој не може да најде време за своето здравје, ќе мора да најде време за да биде болен“.




Почетната, лесна и многу ефикасна вежба е поместување на стапалата од глуждот (скочниот зглоб). Ако стоите, направете ја оваа вежба поткревајќи се на прстите, а потоа и на петите. Како да се клацкате на вашите стапала. Повторувајте ја оваа вежба онолку долго колку што е потребно додека да изброите до 60.




Ако седите, треба да ги исправите нозете до колената (во испружена положба) и да работите со стапалата, затегнувајќи ги прстите кон вас наред и назад, враќајќи ги во првобитната положба, како да притискате на педала или да шиете на старовремска машина.




Ова се едноставни вежби со кои к рвта ќе се придвижи во „вистинската“ насока и ќе помогне да се намали оптоварувањето на вените. Кога ќе се вратите дома од работа, одвојте пет минути за себе и легнете на подот или на поцврст душек, на грб, а потоа кренете ги нозете и потпрете ги на ѕидот.




На крајот од денот наизменично туширајте ги потколениците со топла и ладна вода – ако не поднесувате ладна вода, доволно е таа да биде барем млака – со наизменично менување на температурата (шкотско туширање) се поттикнува циркулацијата и к рвта полесно се раздвижува нив к рвните садови.




Според светски познатиот кинезитерапевт д-р Сергеј Бубновски, секој ден откако ќе се вратите од работа, потребно е нозете да ги потопите во студена вода во времетраење од пет минути. Ова не само што ќе ја cтимyлира циркулацијата, туку ќе го забрза метаболизмот и ќе го поттикне имунитетот, тврди докторот.




Откако ќе ги избришите нозете, потребно е да облечете волнени чорапи и да ги затоплите. На почеткот можеби овој третман ќе ви се чини за непријатен, но со текот на времето ќе се навикните, особено откако ќе ги забележите бенефитите од оваа постапка.