БИЛКА ЗДРАВЕЦ: Против тумори и стерилитет, еве како се приготвува

Постапката за приготвување на овој лековит чај е многу едноставна: една супена лажица сува билка се прелива со 200 мл врела вода, се поклопува и после 20 минути се процедува и се пие во голтки. Може да испиете по две шолји чај дневно.

Овојпат билкарот Мартин Најдовски нè запознава со лековитите својства на билката – Здравец (lat.Geranium macrorrhizum), а доколку имате некакви прашања и нејаснотии околу рецептите, можете да го прашате на неговата фан страница „Лилма“.

„Здравецот е едногодишна или двегодишна билка, која се карактеризира со силен мирис. Расте покрај реки, на карпи, стрмнини, на влажни места, може да се сретне во природата како самоника билка и тоа многу често. Цвета од пролет па сè до септември, се карактеризира со виолетово-розови цветови.

Во народната медицина здравецот се употребува како лек, но и како билка која била користена за маги-ски дејствија. Од лековитите делови се употребува листот и коренот. На оваа билка нашите стари му го дале името „Здравец” поради верувањето дека нема болест која таа не може да ја излекува.

Ѓурѓовден е празник посветен и поврзан со оваа билка, бидејќи мајките ги бањале своите деца во вода каде што биле закиснати листови од здравец – за да бидат здрави во текот на целата годината.

Исто така, се плетеле венци од листовите од оваа билка и се закачувале на куќите за здравје во домот. Здравецот бил берен со песна, односно девојките пееле додека го береле здравецот:

“Здравче венче, здравче венче

Цвеќе миризливо, леле,

Берат ли те моми, моми ем ергени,

Ихааа..”

Во народот е познато и тоа дека здравецот е Ветерска билка односно самовилска билка па затоа е наречена билка која ги лекува сите болести. Како што напоменав, од здравецот се користат листот и коренот.

Благодарение на танините кои се присутни во листот, здравецот се користи кај внатрешни и надворешни кр-вавења, како што се хемороиди, кр-вавења од матка, дијареа и слично.

Листот се користи и за намалување на шеќерот во кр-вта, подобрување на циркулацијата (здравецот работи преку кр-вта, ќе ви објаснам како), чистење на уринарните патишта, добар е за проблеми со срцето (коренот најчесто се употребува за проблеми со срцето), делува на чистење на бубрезите и мочните патишта, кај урогени-тални инфекции и слично. Исто така, доста е делотворен кај проблеми со стомакот и цревата.

Се користи и кај луѓе кои имаат „тешки нозе” односно немаат кондиција, или имаат проблем со циркулацијата во долниот дел од телото. Испирањето со чај од здравец може да помогне кај афти на устата, но и кај ХПВ вирус. Во некои литератури е спомнато и дека помага кај рак, кожни болести и слично.

Јас најмногу го употребувам (и по што најмногу е познат во народната медицина) за лекување на с терилитет. Научниците испитуваат што е тоа што ја лекува неп.лодноста, но сè уште не може да се утврди” – вели Мартин Најдовски.

Според билкарот Најдовски, дејството на билката се заснова врз нејзиното својство да ја подобрува циркулацијата на кр-вта, особено во долниот дел на стомакот, со што доаѓа до поголема проодност на каналите и поголема функционалност на гонадите и создавање на поголем број гамети.

„Здравецот делува преку кр-вта и затоа тоа е билка број 1 и за мажи и за жени кога станува збор за неп.лодност. Коренот се употребува за јакнење на срцевиот мускул, несоница, нер.воза и против висок кр-вен притисок.

Рецепти:

Чај од лист: 2 супени лажици лист се прелеваат со 500 мл вода зовриена, отстојува 20-30 мин поклопено, потоа се процедува и се пие по 2 шолји на ден 30 минути пред јадење.

Чај од корен против висок притисок, несоница, нер.воза и јакнење на срцев мускул: 1 корен од здравец се измива добро, се ренда и се прелева со 500 мл ладна вода. Стои поклопено 8 часа, потоа се замлачува малку, се процедува и пие по 2 шолји на ден.

Вино од корен: Во 1 литар бело вино се додава 50 г свеж корен исечкан ситно, стои 15 дена, а потоа се процедува и секој ден се пие по 1 ракиена чаша на гладно, 30 минути пред јадење.

За с терилитет кај мажи и жени: Секое утро во период од 40 дена, континуирано, се пие по 1- 2 шолји на ден чај од здравец. Подготовката е погоре опишана во текстот.

Претходна статијаПОЛИЦИСТИЧНИ ЈАЈНИЦИ: Мешавина од мед, магдонос, лимон и маслиново масло ги „топи“ цистите (Рецепт)
Следна статијаСМРЕКА: Билка на која секогаш ни текнува кога мислиме дека нема лек (рецепт)