Juniperus Communis има многу имиња: Боровац, Бриње, Брин, Фена, смрека, Амрика, Смрча, Вења… Знаеме дека се користи за производство на добра ракија, а малку луѓе знаат дека смреката е многу важна за нашето здравје.

СМРЕКА

Зимзелено растение со ситни бобинки-смрекинки, во зависност од живеалиштето, може да биде ниска, широка грмушка и може да порасне до седум метри во висина. Нејзините ситни лисја налик на иглички се украсени со сини месести плодови кои добиваат виолетова нијанса кога ќе узреат.

Смреката цвета на пролет, овошјето зрее на есен, а се бере во втората половина на есента. Плодовите се сушат на воздух, раширени во тенок слој.

Лековитост

Смреката го зајакнува организмот, ја чисти крвта и поттикнува детоксикација. Исто така се користи за ублажување на тегобите со варењето на храната. Помага при воспаление и инфекција, ревматизам, гихт, ишијас.

Ова растение е исто така силен диуретик, но исто така е ефикасно против настинка, кашлање, астма, стомачни заболувања, потење, па дури и г онореја. Исто така, има бактерицидни својства, поради што се користи за лекување на инфективни белодробни заболувања.

Тоа е одлична природна помош за осип на кожата, отоци и смрзнатини.
Смреката се користи во форма на сок, чај, тинктура, а самите бобинки може да се кон.сумираат додека се свежи.

Игличките од смрека, свежи или сушени, се додаваат во разни чаеви. Еве како се користи смреката:

Лек против г рчеви: Една лажица од мешавина од еднакви делови на смрека, амброзија, пелена и камилица прелијте со 200 мл врела вода. Оставете да отстои 5-10 минути, процедете и пијте без шеќер.

Против главоболки: Ставете ситно издробени плодови од смрека во марамче и држете ги како облога на челото.

Лек за црн дроб, желудник, водена болест и н ерви

Наутро, на празен стомак, џвакајте добро и проголтајте 5 зрели плодови од смрека. После тоа не јадете ништо барем еден час. Во текот на денот, пијте неколку чаши чај од смрека.

Лек за дијабетес: пијте сок од смрека, подготвен со многу малку шеќер и повеќе вода, или незасладен чај од зрели плодови од двегодишна смрека.

За ​​подобрување на апетитот: Јадете компот од смрекинки секој ден, кој се подготвува на ист начин како и секој друг компот – со додавање на шеќер.

Како да направите сируп од смрека и чај

Сирупот се прави со краткот провривање на половина килограм смрекинки во три литри вода. Потоа се мелат и варат уште еднаш со додавање на вода по потреба. Добиената смеса се процедува низ сито и се опстава да се излади.

За да се добие сируп, треба да се додаде мед по желба. Сирупот потоа се става во тегли и се чува добро затворено на темно и суво место. За чај од смрека, една лажичка добро сомелени смрекинки прелијте со 200 мл врела вода и оставете покриено да отстои 5 до 10 минути.

Содржината потоа се процедува и се пие најмногу две чаши на ден. Ако сакате, чајот може да се заслади со мед или шеќер. Ако се пие против дијабетес или болести на желудник и црева, не треба да се засладува.

Напомена: производите од смрека не се препорачуваат за бремени жени, ниту на луѓе кои имаат проблеми со бубрезите.