Home Десерти БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Најбрзиот и најлесниот колач…Совршен рецепт…

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Најбрзиот и најлесниот колач…Совршен рецепт…

БЕЗ ПЕЧЕЊЕ…Најбрзиот и најлесниот колач…Совршен рецепт…Ако користите посни состојки може да биде и посен…

Ако барате едноставен и вкусен рецепт за десерт кој ќе го воодушеви вашето семејство и гостите, тогаш овој колач без печење е вистинскиот избор за вас!

Комбинацијата од јаболка, ореви и цимет создава неодолив вкус, додека брзата подготовка го прави идеален за сите кои немаат многу време. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 кг рендани јаболка
100 г путер
200 г мелени ореви
150 г мелени бисквити
цимет по вкус
џем од јаболка за мачкање

ПОСТАПКА:

Во поголем сад измешајте ги ренданите јаболка, путерот, мелените ореви и мелените бисквити. Додајте цимет по желба. Сè убаво измешајте додека да добиете еднолична смеса. Распоредете ја смесата рамномерно во плех или калап по ваш избор.

<

Површината на колачот премачкајте ја со џем од јаболка. Оставете го колачот неколку часа во фрижидер да се стегне. Колачот е лесен за подготовка и идеален за брзо уживање. За декорација можете да го посипете со мелени ореви.

Деталите за подготовката погледнете ги во видеото ОВДЕ: